Комични реакции на првиот официјален портрет на Чарлс како крал: „Се исплаши од себе“

Точка

15/05/2024

15:30

4.536

Големина на фонт

а а а

Кралот Чарлс Трети одбележа уште еден јубилеј во своето владеење, а оваа недела го откри својот прв официјален портрет по неговото крунисување минатата година, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Чарлс и неговата сопруга кралицата Камила присуствуваа на официјалното откривање на портретот во Бакингемската палата. Портретот, кој е висок речиси два метри, го сликал Џонатан Јео, уметник од Велика Британија во период од 3 години.

Сликата има впечатлива црвена позадина и го прикажува Чарлс во униформа на велшката гарда, во која станал полковник во 1975 година. Била нарачана уште во 2020 година, кога Чарлс беше принц од Велс, титула која оттогаш му е пренесена на неговиот најстар син, принцот Вилијам, по смртта на кралицата Елизабета Втора во 2022 година.

Пеперутката која се наоѓа над рамото на Чарлс на сликата ја претставува неговата трансформација во крал, според Јео.

Сликата ќе биде изложена еден месец, почнувајќи од 16-ти мај во галеријата Филип Молд во Лондон. Таа потоа ќе остане во Дрејперс Хол, историска зграда во Лондон.

Уметничкото дело и нагласениот црвен тон брзо предизвикаа мешани реакции на интернет, а самото видео од откривањето ги насмеа корисниците на мрежите.

„Жал ми е, но неговиот портрет изгледа како да е во пеколот“, гласи еден од низата слични коментари.

Делува дека и самиот крал се изненадил откако го видел портретот, а на мрежите се појавија шеги дека се исплашил од сопствениот изглед на сликата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг