Прогласени победниците на овогодинешниот натпревар Trash for Art 2026 организиран од Пакомак!

Точка

23/03/2026

18:46

124

Големина на фонт

а а а

И оваа година, Пакомак ја поттикна креативноста, иновативноста и еко-свеста преку организација на традиционалниот натпревар за уметнички дела создадени од амбалажен отпад „Trash for Art“. Организиран со цел да покаже дека амбалажниот отпад може да има и друга намена, односно да се селектира и да се искористи за создавање уметнички дела.

Секое пријавено дело на свој начин ја раскажува приказна за одговорноста кон животната средина и ја потврдува силната порака дека отпадот може да добие нов живот преку уметноста.

Жирито имаше навистина тешка задача, имајќи предвид дека пристигнаа бројни квалитетни и инспиративни творби. По внимателно разгледување, беа избрани најдобрите во категориите: градинки, основни училишта, како и поединци и други организации, при што најуспешните учесници беа наградени со парични награди за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари) и трето место (10.000 денари).

Како резултат на партнерската поддршка и заедничката еко-мисија за почиста и поодржлива животна средина посебни награди беа доделени и во рамки на 2 специјални категории. Првата, за уметнички дела изработени од електронски отпад поддржана од компанијата за собирање на електрична и електронска отпадна опрема Нула Отпад, а втората специјална категорија за делата направени исклучиво од амбалажа од производите на фармацевтската компанија Алкалоид.

Организаторот Пакомак заедно со своите партнери, упатува искрени честитки до сите победници, како и благодарност до сите учесници за нивната посветеност, труд и инспиративни идеи. Со нивниот придонес, Trash for Art и оваа година прераснува во еко-свесна платформа што ги спојува уметноста, едукацијата и одржливоста.

Ова се наградените:

КАТЕГОРИЈА ГРАДИНКИ

Прво место:

Приватна градинка Светот на Колорес, Скопје

Награда: 30.000 денари

Дело: Срце што се грижи


Второ место:

Градинка Спортски Центар Младост, Тетово

Награда: 20.000 денари

Дело: Златна рипка

Трето место:

ЈОУДГ Борис Трајковски, Демир Капија

Награда: 10.000 денари

Дело: Бик

Трето место:

ЈОУДГ Наша Планина, Прилеп

Награда: 10.000 денари

Дело: Еко град на здравјето

КАТЕГОРИЈА ПОЕДИНЦИ

Прво место:

Даниела Москова

Награда: 30.000 денари

Дело: Феникс- симбол на повторно раѓање и нов почеток


Второ место:

Елеонора Илоска

Награда: 20.000 денари

Дело: Пајак

Трето место:

Андреј Бошевски

Награда: 10.000 денари

Дело: Афродита

КАТЕГОРИЈА УЧИЛИШТА

Прво место:

ООУ Блаже Конески, Велес

Награда: 30.000 денари

Дело: Еко-Желка


Второ место:

ООУ Димче А.Габерет, Демир Капија

Награда: 20.000 денари

Дело: Човек

Трето место:

ООУ Кочо Рацин, Прилеп

Награда: 10.000 денари

Дело: Еднорог

Трето место:

ООУ Петар Поп Арсов, Скопје

Награда: 10.000 денари

Дело: Дамата од рециклирaчки материјал

Наградени дела од АЛКАЛОИД

1.Приватна градинка Светот на Колорес, Скопје

Дело: Срце што се грижи

2. ЈОУДГ Наша Планина, Прилеп

Дело: Еко град на здравјето

3. ООУ Григор Прличев, Охрид

Дело: Алка Спринт: Трка до здравјето

4. Живко Савевски

Дело: макета од производна амбалажа на Алкалоид

Специјална категорија “Нула Отпад”

Прво место:

ООУ Блаже Конески, Велес

Награда: 30.000 денари

Дело: По последниот клик


Второ место:

ООУ Братство Единство, Охрид

Награда: 20.000 денари

Дело: Бегство од дигиталниот хаос

Трето место:

Тина Вучињиќ

Награда: 10.000 денари

Дело: Сабљарка