Шпанската инфлуенсерка и љубителка на велосипедизам, Сесилија Сопена, на социјалните мрежи споделила морничаво видео од падот што го доживеала додека возела по тесна патека во друштво на своето куче.
Кучето во еден момент ѝ го блокирало тесниот пат, а во обид да го заобиколи, таа се лизнала од патеката и почнала да се лизга по карпата.
За среќа, велосипедистката успеала да се снајде и да се спаси, како и велосипедот, и да помине без сериозни повреди. Страшното видео, кој следбениците го следеле здрвени од седиштата, собра повеќе од 280 милиони прегледи за само неколку дена.
Велосипедистката споделила и снимка од целото возење во траење од околу 20 минути, во која може да се види како на крајот се извлекла од опасната ситуација и како кучето ја тешело, а направила и снимка од камерата што ја носело кучето.












