[ВИДЕО] Србите ја прашале вештачката интелигенција да им каже која е најубавата земја од поранешна Југославија: Погледнете кое место го зазема Македонија

Точка

18/03/2026

13:04

3.309

Големина на фонт

а а а

Пријателите меѓусебно се прашуваче како лично би ги рангирале државите од поранешна СФРЈ, а резултатите покажале дека делумно се согласуваат со мислењето на ChatGPT.

Во најновата епизода од својот подкаст, белградското дуо „Baci5“ отвори интересно прашање – која е најубавата држава од поранешна Југославија? Иако знаеле дека таквото прашање ќе предизвика бројни реакции, одлучиле да се консултираат и со вештачка интелигенција – ChatGPT – за да добијат дополнителна перспектива.

Пријателите меѓусебно ги споредувале своите рангирања на државите од поранешна СФРЈ, а се покажало дека нивните мислења делумно се совпаѓаат со она што го предложил ChatGPT. Според одговорот на вештачката интелигенција, на врвот на листата се нашла Хрватска, потоа Црна Гора, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, додека на последното место се нашла Македонија.



Таквиот одговор предизвикал вистински бран коментари и полемики меѓу слушателите и следбениците. Многумина се согласиле дека споменатите земји имаат прекрасни пејзажи, но истакнале дека многу тешко е да се рангираат природните убавини на објективен начин. „Охридско Езеро, Хвар, Брач, Бока Которска, река Уна – сите се тоа уникатни убавини кои заслужуваат посебно признание“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи, нагласувајќи дека убавината на секое од овие места може да се доживее на сосема различни начини.