Една од најбараните плус сајз манекенки на денешницата, Ешли Грахам, синоќа на црвениот тепих на Мет гала уште еднаш покажа дека одлично се чувствува во својата кожа и дека не обрнува внимание на критиките на сметка на својата телесна тежина.
Во предизвикувачки фустан посебно ги покажала своите облини, а многумина нејзиното издание таа вечер го нарекле провокативно.
Манекенката на овој престижен настан пристигнала во црн фустан украсен со кристали. Косата ѝ била врзана, а носела и прикладен сребрен накит и соодветна црна марама.
Фустанот бил украсен со детали на цветови, а длабокото деколте со кожен корсет и тоа како ги истакнал нејзините гради.
„Овој фустан е вистинско уметничко дело, секое парче метал и Сваровски кристали внимателно се рачно поставени, над 500 часа рачна изработка биле вложени во овој извонреден фустан“, објавила 36-годишната Грахам на Инстаграм.
Оваа манекенка често била на мета на критики поради своите килограми, но она што често им го порачува на жените е да го сакаат својот изглед.
Иако многумина претходно не биле согласни со нејзините ставови, таа тврди дека и тоа како се грижи за своето здравје, но дека моменталната тежина не ја спречува да ја следи модата по сопствен избор.