Овие кинески автомобили ги дизајнирал екс-дизајнерот на „Alfa Romeo“ и „Lamborghini“

Точка

19/04/2024

16:29

5.750

Големина на фонт

а а а

Во превод од кинески „FangChengBao“ значи „леопардова формула“ или „леопардова равенка“, што и да значи тоа. Во хиерархијата на „BYD“, новиот бренд е позициониран меѓу луксузниот бренд „Yangwang“ и премиум брендот „Denza“.

Марката „FangChengBao“ ќе произведува само електрични и плаг-ин хибридни автомобили, а линијата на моделот е поделена во две гранки – „Leopard“ (SUV, Crossover и Pickup) и „Super“ (спортски автомобили).

Успешен и покрај високата цена

Првиот модел на марката „FangChengBao“ бил плаг-ин хибриден „SUV“ со средна големина „Leopard 5“ на платформа во рамките на DMO (кратенка за Dual Mode Off-Road). Влегол на кинескиот пазар во ноември минатата година и досега добро се продава и покрај прилично високата цена. Во првиот квартал оваа година, според „CAAM“ продадени се 11.063 примероци. „Leopard 5“ чини од 289.800 јуани, односно околу 39.000 евра.

Пред саемот за автомобили во Пекинг, кој се отвора следната недела, марката „FangChengBao“ претставила три нови модели.

На оваа презентација новитетите се прикажани во статус на концепти без технички карактеристики и проценети цени, така што засега можете само да се восхитувате на дизајнот развиен под надзор на германскиот експерт Волфганг Егер, кој претходно работел за „Seat“, „Alfa Romeo“, „Audi“ и „Lamborghini“.


Од прикажаните нови производи прв во серијата најверојатно ќе биде големиот „SUV“ „Leopard“, со дизајн кој веројатно нема многу да се менува. Погонскиот склоп на „Leopard 8“ веројатно ќе биде ист како „Leopard 5“, односно плаг-ин хибрид.

Плаг-ин Хибриди

Во „Leopard 5“ погонот се состои од 1,5-литарски бензински турбомотор (194 коњски сили, 273 Nm), електромеханички варијатор и два електромотори: предниот произведува 272 коњски сили и 360 Nm, а тој од позади произведува 388 коњски сили и 400 Nm. Максималната комбинирана сила е 505 kW (687 коњски сили) и 760 Nm.


Помалиот „SUV“ „Leopard 3“ има заоблен дизајн од „Leopard 5“ и „Leopard 8“. Сите три „SUV“ возила, според прес-службата на „BYD“ се базирани на „DMO“ платформата, но „Leopard 3“ е најавен со исклучиво електрична инсталација на погонскиот склоп.

Импресивен двосед „Super 9“

Двоседот „Super 9“ лично го претставил Волфганг Егер на презентацијата на „FangChengBao“. Супер 9 изгледа прилично европски и ништо помалку импресивно од било кој „Aston Martin DBR22“. Бројот 30 на капакот на моторот ја означува 30-годишнината од основањето на групата „BYD“.

„FangChangBao Super 9“ има детална внатрешност и неокласичен стил со физички прекинувачи и контроли на средната конзола, прекриена со горна плоча која го дели кокпитот на два дела. Управувачот е преслечен во антилопа и има многу копчиња во тркачки стил. Рачките на внатрешните врати се изработени во облик на кожни ленти.


Богатото искуство на Волфганг Егер во целост се покажало во овој модел – единствена штета е тоа што сè уште не се знае во кој облик овој суперавтомобил ќе дојде до масовно производство. Ако таму дојде, ќе има целосно електричен и прилично моќен погон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг