Диетичар открива две намирници кои се одлични за здравјето на цревата и срцето

Точка

17/04/2024

17:00

4.603

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за различни хронични болести, од дигестивни проблеми до когнитивно опаѓање и срцеви заболувања, исхраната игра важна улога. За среќа, вклучувањето на антивоспалителна храна во нашата исхрана може да ни помогне да се бориме со овие состојби или уште подобро да ги превенираме.

Диететичарот и личен тренер Џеси Федер откри две такви намирници кои се одлични за здравјето на цревата, срцето и мозокот и може да се јадат како закуски.

1. Грчки јогурт

Грчкиот јогурт е сестрана храна, полна со хранливи материи, која нуди бројни придобивки за здравјето на цревата, мозокот и срцето. Богат со пробиотици, грчкиот јогурт поддржува здрав цревен микробиом, поттикнувајќи го растот на корисни бактерии кои можат да помогнат во варењето и да го намалат воспалението во цревата.


Покрај тоа, грчкиот јогурт обезбедува есенцијални хранливи материи кои се важни за когнитивната функција и регулација на расположението. Уште повеќе, калиумот и калциумот кои се наоѓаат во грчкиот јогурт го поддржуваат здравјето на срцето помагајќи да се регулира крвниот притисок.


„Грчкиот јогурт е полн со антивоспалителни својства поради неговата висока количина на пробиотици, или здрави бактерии. Овие бактерии можат да помогнат во оптимизирање на здравјето на цревата, што е од суштинско значење за варењето и апсорпцијата на хранливи материи, како и за здравјето на мозокот и срцето. Грчкиот јогурт е одличен извор на протеини“, вели тој.

2. Боровинки

Богати со антиоксиданси, боровинките содржат антиинфламаторни својства кои можат да придонесат за различни аспекти на нашето здравје и благосостојба.


Боровинките се едно од најдобрите антиоксидантни овошја, а исто така се богати со влакна и други хранливи материи, вклучувајќи витамин Ц, А, К, калиум и манган. Големото количество на антиоксиданси е од огромно значење во борба со воспаленија во целиот организам, вклучувајќи ги вашиот мозок и срце“, тврди диететичарот.

Тој исто така додава дека изобилството на влакна е одлично за стимулирање на подобро варење и олеснување на апсорпцијата на хранливите материи клучни за целокупното здравје. Покрај тоа, голем број на витамини и минерали играат клучна улога во оптимизирањето на различните функции на телото, особено оние поврзани со здравјето на мозокот и срцето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг