[ВИДЕО] Дали сте знаеле дека Шакира глумела во теленовела? Пејачката ги откупила правата за да спречи репризирање

Точка

09/04/2024

14:00

2.756

Големина на фонт

а а а

Додека Шакира е препознатлива по песните кои станаа глобални хитови како што се „Hips Don't Lie“ или „Waka Waka“, ретко кој знае дека на почетокот на нејзината кариера таа се испробала и во актерството.

Меѓутоа, бидејќи тогаш не била задоволна од својот изглед во тоа време, пејачката ги откупила правата на прикажување.

Колумбиската пејачка имала 16 години кога глумела во теленовелата „El Oasis“ во 1993 година, но брзо сфатила дека пеењето е нејзиниот прв избор, а актерството веројатно не ѝ било едно од најдобрите искуства во тоа време.

Шакира ја играла Луиза Марија, која откако се соочува со природна катастрофа во нејзиниот роден град, ја пронаоѓа љубовта со Саломон, кој го игра Педро Рендон. Доколку сакате да ја гледате теленовелата, голема е веројатноста дека нема да најдете многу содржина на интернет, бидејќи пејачката ги откупила правата од „CenproTV“.

На „Х“ е споделен еден од ретките исечоци од серијата, а може да се забележи дека пејачката изгледа значително поинаку.

Режисерот Педро Моголон своевремено открил дека Шакира се издвојувала од актерската екипа иако имала само 16 години.

„Знаев дека таа девојка ќе стигне далеку порано или подоцна“, изјавил тој и додал: „Не бев изненаден кога стана ѕвезда, знаевме дека тоа ја очекува“.

Тој открил и дека не ѝ се допаѓало како изгледа: „Таа сакаше да биде русокоса и тоа беше нејзина одлука. Еден ден отидов во „Cenpro“ по мојата плата и ми рекоа ‘има уште еден чек за тебе бидејќи некој ги купил правата’. Знаев дека тоа повеќе нема да биде на телевизија“.

Пејачката подоцна имаше неколку појавувања во серии, но во поединечни епизоди. Обожавателите се сеќаваат на нејзиното појавување во „Wizards of Waverly Place“ на Дизни заедно со Селена Гомез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг