[ФОТО] Новата „Frontera“ е семеен „SUV“ со цена која ќе ги загрижи конкурентите

Точка

09/04/2024

13:14

12.595

Големина на фонт

а а а

По цели 20 години „Opel“ претставува ново издание на „Frontera“! Оваа вест предизвика голема бура пред неколку недели, а сега компанијата од Руселсхајм ги покажа првите фотографии. Оригиналното и новото издание веќе немаат многу заеднички работи: некогаш аголното теренско возило стана компактен SUV кој е наследник на „Crossland“.

Меѓу „Mokka“ и „Grandland“

Иако „Opel“ не открил никакви димензии, на прв поглед изгледа дека „Frontera“ значајно поголема од моменталниот модел што ќе го замени. Со многу поробустен изглед, „Frontera“ во иднина ќе се позиционира меѓу „Mokka“ и „Grandland“, кој исто така ќе добие наследник во 2024-та година.

Со оглед на тоа дека во иднина ќе се користи „CMP“ основа од „Stellantis“, „Frontera“ ќе биде достапна во верзии со мотор со внатрешно согорување и електрична. Тоа можело и да се предвиди, бидејќи веќе е најавено дека во иднина секој „Opel“ ќе биде достапен и како електричен автомобил.


Засега само благи хибриди

Техничките детали сè уште не се познати. Претпоставуваме дека „Frontera“ се базира на браќата и сестрите од „Stellantis“ што значи дека моторите со внатрешно согорување веројатно ќе бидат само 48-волтни благи хибриди.

Тоа што „Opel“ го открива е дека „Frontera“ има два екрани од десет инчи во внатрешноста и нов управувач. Алтернативно, достапна е и таканаречена станица за паметни телефони (веројатно како основна опрема), во која паметниот телефон станува управувачка единица за инфо-забавниот систем.

Таканаречените „Intelli“ седишта се дизајнирани за пружање на олеснување на р’бетот.


Цените во Германија од 27.000 евра

Багажникот ќе се движи од многу добри 460 до максимални 1.600 литри.

Се очекува дека „Frontera“ ќе биде достапна кај трговците по привлечни цени од летото па натаму. Тоа би можело да значи дека компактниот „SUV“ почнува од околу 27.000 евра на германскиот пазар. Електричната верзија, која исто така е веќе најавена, би требало да чини помалку од 40.000 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг