За нив ова е најдобриот автомобил во 2025 – дали се согласувате?

Точка

08/03/2025

11:05

4.339

Големина на фонт

а а а

"Kia EV3" ја освои престижната награда за најдобар автомобил во Велика Британија за 2025 година.

Овој компактен "SUV" ги импресионираше експертите, кои изјавија дека „со напредните технологии, долгиот досег и елегантниот дизајн, заслужено ја освои титулата“.

Покрај моделот "Kia EV3", награди добија и други модели кои се истакнаа во различни категории. "Škoda Superb" ја освои наградата во класата на семејни автомобили, додека "Hyundai Santa Fe" беше признат како најдобар SUV на пазарот.


"Kia EV3" може да помине до 605 км (WLTP) и е базирана на платформата "Electric-Global Modular Platform" (E-GMP) на Hyundai, „позајмувајќи“ одредени технологии од поскапите модели "EV6" и "EV9".

"Kia" тврди дека досегот се зголемува на речиси 773 км кога се вози исклучиво во урбани услови, а нејзиниот најблизок конкурент е "Tesla Model 3", еден од најпродаваните електрични автомобили во Европа. Големиот досег особено важи за батеријата со капацитет од 81,4 kWh, додека помалиот пакет има капацитет од 58,3 kWh со досег од околу 465 километри.


Покрај големиот досег, "Kia" овозможува и брзо полнење. Брзиот полнач од 400 волти ја полни помалата батерија од 10% до 80% за 29 минути, а поголемата за 31 минута. Цената во европските земји се движи од 35.000 до 49.000 евра, во зависност од верзијата на моделот, но и од земјата.

Наградите за најдобрите автомобили во Велика Британија традиционално ги истакнуваат возилата кои комбинираат практичност, перформанси и еколошка одржливост, истакна жирито, а годинашниот избор покажува дека производителите сè повеќе вложуваат во развој на електрични и хибридни возила, што ја одразува глобалната тенденција кон позелена иднина.