Елеганција, софистицираност, класика... Сето тоа се епитети кои се врзуваат за (модниот) стил на Французинката, дама чијшто естетски израз често нѝ е водич при осмислување на стајлингот.
High street брендовите одамна ја препознаваат љубовта која дамите со чувство за мода ја имаат кон овој стил, а во нивните колекции често наоѓаме предмети кои и самите парижанки би сакале да ги носат.
Едно такво парче е т.н lady jacket, јакна која својата популарност ја должи на 60-те години. Се карактеризира со големи златни копчиња, букле и твид детали и строга и малку пократка силуета. Оваа ретро јакна ја носат модерните девојки, како и дамите кои ја ценат класиката и едноставноста. Некогаш го гледавме ваквиот модел на принцезата Дајана и Џеки Оназис, а сега твид јакната ја доживува својата ренесанса, особено меѓу Французинките.
Модерните промени како опуштените кардиган верзии и помалите копчиња го одржуваа овој модел на јакна свеж со текот на годините.
Во продолжение, погледнете како оваа елегантна јакна ја носат девојките со стил на Инстаграм.