Областа на истражување на влијанието на месечните циклуси врз „состојбата и функционирањето на мозокот“ кај жените долго била оптоварена со мали примероци, ограничени мерки за анализа и, се разбира, фактот дека телото на жените било „настрана“ за време на повеќето истражувања за влијанието на менструалниот циклус.
Истражувачите, врз основа на неодамнешните студии, сега тврдат дека идеите за влијанието на месечниот циклус врз функцијата на мозокот се субјективни и дека овие тврдења немаат научна основа.
Бихејвиористот Даесунг Јанг од Универзитетот во Мелбурн водел мета-анализа во која прегледал 102 рецензирани научни трудови кои го проценувале и мереле когнитивниот капацитет за време на менструалниот циклус на жените.
Прегледот ги споредил податоците собрани од речиси 4.000 жени кои имале менструални циклуси и чии когнитивни перформанси биле тестирани за време на тие циклуси, во однос на задржување на вниманието, креативноста, извршната функција, нивото на интелигенција, меморијата, статусот на моторната функција, нивото на ориентација во просторот и вербалните способности.
Студијата ги исклучила студиите со варијабли кои би можеле да влијаат на резултатите поврзани со когнитивните способности, како што се случаи на бременост, инфекција, одредени здравствени нарушувања, рак … Затоа, велат истражувачите, резултатите се однесуваат само на „основните“ менструални искуства.
Добро е познато дека нивоата на хормони како што се естрогенот, прогестеронот и лутеинизирачкиот хормон се зголемуваат и опаѓаат во различни точки од циклусот, а овие промени, особено кога станува збор за естрогенот, ги чувствуваат рецепторите низ телото, вклучувајќи го и мозокот.
Сепак, разликите што тимот на Јанг ги открил во когнитивните перформанси на жените во текот на менструалниот циклус беа толку мали и неконзистентни така што се сметаат за незначителни, а тимот на научници сугерира дека нема докази дека перформансите на мозокот на жените се „по желба на месечниот циклус“.
Меѓутоа, „Овој недостаток на наоди е донекаде изненадувачки со оглед на бројните документирани физиолошки промени што се случуваат во текот на циклусот“, пишуваат авторите.
Суптилни промени и индивидуалност на искуства
Овие хормонални „приливи и одливи“ можат да бидат толку суптилни што имаат мало влијание врз она што се случува во нервните клетки или можеби, како што сугерираат авторите, жените се способни да ги компензираат овие промени на некои начини кои сè уште не се разбрани.
Низ историјата, жените биле ограничувани од претпоставката дека менструалните циклуси ја нарушуваат нивната когнитивна функција. На некои можеби им е чудно и тешко да замислат како да го поминат денот како сè да е во ред, додека крвават и имаат болни грчеви.
Резултатите, исто така, не ја исклучуваат можноста физичките промени во мозокот, како резултат на менструацијата, да имаат поголем ефект врз когницијата кај некои жени, а кај други не, поради причини кои не биле опфатени во оваа нова студија.
Претходните студии откриле мала разлика во хормоните кај жени со менструација со и без симптоми на предменструален стрес, што укажува на тоа дека ПМС е повеќе поврзан со начинот на кој телото на секоја личност реагира на хормоните, а не со нивното ниво воопшто.
„Нашиот резултат може да игра улога во решавањето на последиците од заблудите и митовите, како и од дискриминаторските практики, бидејќи не најдовме научна основа за идејата дека когнитивните способности на жените се предмет на промени и потенцијално загрозени во текот на циклусот“, пишуваат истражувачите.
Истражувањето било објавено во списанието „PLOS One“.