Басистот на „Faith No More“ љубител на балканската музика и ракија: „Ја обожувам „Ко те има, тај те нема“ во изведба на Звонко Богдан

Точка

15/03/2024

12:00

2.540

Големина на фонт

а а а

„Белград е како Готам Сити, едно од најкул местата во Европа“, за „City Magazine“ изјавил Били Гулд, басистот на бендот „Faith No More“ и производител на автентична српска ракија наречена „Yebiga“.

Били Гулд е најпознат како еден од основачите и басист на бендот „Faith No More“, но и како соработник и продуцент на многу други познати музичари.

Овој музичар, со Балканот е поврзан на неколку начини, прво кога пробал за првпат ракија во далечната 1992 година во Будимпешта на концерт.


Потоа, имал своевиден „road trip“ со трабант од Берлин сè до Тирана, на кој ги опфатил и Загреб, Белград, Скопје и Приштина. Подоцна повеќепати се враќал во Србија и на Балканот и со задоволство пробувал разни ракии, за на крај да одлучи да произведува и своја, која би ја понудил на сограѓаните во САД.

Во интервју за „City Magazine“, објаснува зошто ја нарекол „Yebiga“.


„’Yebiga‘, затоа што „Јебига“. Не можев да најдам ракија во САД која ме потсетува на Србија, па одлучив да сам однесам една, не знаејќи ништо за процесот на увоз, дистрибуција или маркетинг на жестоки пијалаци. Исто така, моите први, формативни искуства со ракијата не беа на „фенси“ места, туку во домовите на луѓето и кафеаните, каде што, како што знаете, многу често можете да го слушнете токму овој збор. Кога ја донесов во САД, сакав заедно со вкус да го претставам непретензиозното искуство кое го имав и самиот. Па така, постојат повеќе причини зошто тоа се чинеше како вистинскиот начин“, објаснил Гулд.


Тој најавил и дека ракијата „Јебига“ од март конечно ќе биде достапна и во Србија и тоа само на одредени места.

Говорејќи за нашите соседи, Гулд истакнал дека „Белград е како Готам Сити, едно од најкул местата во Европа“.

„Последниот пат кога бев во Белград, излегов во клуб на неколку пијачки со пријателите, но на само 1 км до мојот хотел, видов најмалку три (колку ме држи сеќавањето) мали сцени кои се случуваат, многу поинаку, многу кул. И тоа само додека шетав по улиците. Одличен град за живеење во моментов“, се присетил американскиот музичар.

Тој, исто така, истакнал дека неговиот прв силен впечаток за Балканот бил повеќе поврзан со музиката отколку со ракија, на што можевме да сведочиме преку настапите на „Faith No More“ во Нови Сад и Белград, кога ја изведувале народната песна „Ајде, Јано“.

„Ги сакам старите песни. И знам дека ризикувам бескраен потсмев со тоа што сега ќе го признаам, но ја обожувам „Ко те има, тај те нема“ во изведба на Звонко Богдан“, зaклучил Гулд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг