Најстариот и најделотворен лек од природата: Помага при бројни здравствени проблеми

Точка

13/03/2024

15:15

9.728

Големина на фонт

а а а

Најголемите предности на ова растение се флавоноидите, антиоксидантите и многу моќното соединение наречено сапонин.

Билкарката Рејчел Робинет истакнува дека коњското опавче е еден од најстарите користени хербални лекови на планетата. Во ајурведата се користи за лекување на воспаленија, а Индијанците го користеле и како лек за бубрези, воспаление на мочниот меур и диуретик.


Коњското опавче е растение богато со природен калциум, магнезиум, калиум и силициум. Поради тоа ова растение е одлично за одржување на здрави коски и заби, па дури и помага во заздравувањето на скршените коски.

Се препорачува и за луѓе кои страдаат од ревматизам, артритис и остеопороза, така што ја подобрува еластичноста на зглобовите. Може да помогне и при исчашувања и проблеми со лигаментите. Уште една предност на коњското опавче е тоа што го стимулира растот на косата и ноктите, па можеме да го користиме и за негување. Ова растение е еден од најдобрите природни лекови за третман и превенција на целулит.


Во народната медицина, коњското опавче најмногу се користи како диуретик и природно средство за чистење или детоксикација на организмот. Го поттикнува исфрлањето на течностите и токсините акумулирани во телото. За медицински цели, надземниот дел од растението се користи за подготовка на чај, тинктури, па дури и масла.

Рецепт за чај од коњско опавче

Една супена лажица коњско опавче прелијте со 200 мл. зовриена вода и варете 5 минути на средна температура. Потоа, покријте го чајот и оставете го да отстои околу 15 минути, па процедете. Чајот се пие пред јадење.

Забелешка: За дозирање и употреба на природни лекови, важно е да се консултирате со лекар.