[ФОТО] Најубавиот фустан „Валентино“ го чувал за една Србинка: Дрзок, краток – инспириран од слободата на женското тело

Точка

05/03/2024

13:16

5.749

Големина на фонт

а а а

Модната куќа „Валентино“ ја претставила новата колекција, а фустанот којшто во кампањата го носи американската манекенка Каја Гербер, на ревијата го носела Србинката Тамара Калиниќ.

Модната недела во Париз ни донесе многу интересни модни моменти на модната писта, а со еднакво внимание се следат и стајлинзите на гостите на ревијата на популарните брендови.


Една од оние чиј стил е во фокусот е и Србинката Тамара Калиниќ, планетарно популарната инфлуенсерка со адреса во Милано која посетила некои од најважните настани изминативе денови.

Нејзе можевме да ја видиме во разни варијанти, а едно од најубавите изданија го носела на претставувањето на новата колекција на модната куќа „Валентино“ која беше одржана вчера во Париз.

Тамара на ревијата пристигнала во бел, мини-фустан, модел со рамки и прорези.


Фустанот е текстуриран, украсен со прекрасен цветен релјеф, а станува збор за модел со којшто манекенката Каја Гербер неодамна ја најави новата кампања и колекција на модната куќа „Валентино“.

Српската инфлуенсерка фустанот го носела со салонки од истиот бренд кои имаат ефектни цветови во предниот дел, како и со минијатурна бела чанта „Валентино“.

Како што соопштила оваа модна куќа на својата страница, во новата колекција женското тело се слави со полесни модни парчиња, тесни силуети, а зад неа повторно се запишува директорот на „Валентино“, Пјерпаоло Пичиоли.

Во неговата кампања ќе ги гледаме Каја Гербер, ќерка на Синди Крафорд, јужнокорејската актерка Сон Је-Јин и тајванската сензација Џолин Чаи.





Спонзорирани линкови

Маркетинг