[ВИДЕО] 10 филмови кои незаслужено добиле „Оскар“: Критичарите ги мразат, а публиката разочарана по нивната проекција

Точка

02/03/2024

14:05

7.267

Големина на фонт

а а а

Верувањето дека на доделувањето на „Оскарите“ се наградуваат најдобрит филмови, режисери и актери, исчезна со текот на годините. Наградите, како и критиките се крајно субјективни, но како што минуваат годините, публиката сè повеќе критички е настроена кон филмовите и филмските работници кои освоиле награди.

„The Independent“ објавил список од 10 филмови кои не заслужиле „Оскар“, па дури ниту номинација.

1. „A Beautiful Mind“

„А Beautiful Mind“ е еден од највпечатливите победници за најдобар филм на овој век. Неговата победа била пробив за „DreamWorks“ – филмот ја донел третата победа по ред за ова студио – и бил далеку од заслужен добитник, доколку се земе предвид дека Рон Хауард ја освоил наградата за најдобар режисер пред Роберт Алтман и Дејвид Линч за „Gosford Park“, односно „Mulholland Drive“.

2. „CODA“

Првата половина на филмот „CODA“ веројатно се најлошите 45 минути во кој било филм кој некогаш освоил награда за најдобар филм. Полн е со фрустрирачки постапки, што е неизмерно фрустрирачки за гледање. Во вториот дел се подобрува, но предоцна. „CODA“ има добри намери, но можело да биде многу подобро.

3. „Cold Mountain“

„Cold Mountain“ имал среќа затоа што бил номиниран во особено слаба година за најдобра споредна женска улога.

4. „Crash“

Гледачите на доделувањата на „Оскар“ се навикнати на неочекувани победи, но ниту една не била пошокантна од моментот кога драмата на Пол Хагис, „Crash“ го победила „Brokeback Mountain“ на Анг Ли во категоријата за најдобар филм.

5. „Green Book“

За оние кои не се грижат за доделувањето на наградите, „Green Book“ е популарен филм кој може да се пофали со солидна глума од страна на Виг Мортенсен и Мархашала Али. За сите останати, тоа е благо разочарување кое некако се појавило од нигде никаде и успеало да му ја „земе пред нос“ наградата за најдобар филм на „Roma“.

6. „The Imitaton Game“

Филмот ја освоил наградата за најдобро адаптирано сценарио, па се наметнува прашањето: „Што, по ѓаволите, правел овој исклучително просечен филм меѓу номинираните?“

7. „The Iron Lady“

Мерил Стрип освоила доволно „Оскари“ како би светот станал свесен дека е очигледно една од најдобрите актерки во историјата. Меѓутоа, нејзината награда за „Iron Lady“ сепак била еден „Оскар“ премногу. Критичарите согласни дека Виола Дејвис била повеќе заслужна за таа награда со филмот „The Help“.

8. „The Pianist“

Подоцна било прифатено дека не треба да му се оддава признание на обесчестениот филмски режисер Роман Полански, но во 2003 година тоа сè уште се правело на „Оскарите“. За „The Pianist“ освоил награда за најдобра режија, награда без која француско-полскиот режисер можел реално „да преживее“.

9. „Shakespeare in Love“

Мора да признаете дека „Shakespeare in Love“ одлично ја одиграл оскаровската кампања, бидејќи успеал да ги „прегази“ воените фаворити „Saving Private Ryan“ и „The Thin Red Line“ и да ја освои најголемата награда на вечерта. Сепак, тоа не значи дека неговиот успех не бил само доказ за лошата одлука на Академијата.

10. „Slumdog Millionaire“

За жал, „Slumdog Millionaire“ е еден од оние филмови кои очигледно не ја заслужиле наградата. Додека победата недвосмислено измамила насмевки на многу лица, неговиот успех станал безначаен како што минувале годините. Заслужениот победник „The Dark Knight“ не бил ниту номиниран за најдобар филм. Овој пропуст довел до тоа Академијата да го зголеми бројот на номинирани во категорија за најдобар филм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг