[ФОТО] Враќање на легендата: Како изгледа новиот „Renault 5“

Точка

26/02/2024

11:12

7.787

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појавија првите фотографии од новото „Renault 5“, еден од најисчекуваните електрични автомобили во Европа. Светската премиера и официјалната презентација ќе се одржи на Салонот за автомобили во Женева.

На прв поглед речиси и да не разлики во однос на концептот од 2021-ва година, што значи дека станува збор за атрактивен автомобили и можеби прв мал градски електричен автомобили кој во големи серии ќе се продава во Европа. Се, секако, ќе зависи и од цената, а претходно се споменуваше дека таа ќе стартува од 25.000 евра.

Дизајнот е посвета на оригиналната „петка“, еден од најважните автомобили во историјата на француската марка.


Една од истакнатите карактеристики и дигиталниот показател за батеријата поставен на врвот од хаубата. Дизајнерите на „Renault“ го искористиле овој простор за дигиталниот панел кој се вклучува кога возилото е ставено на полнач, покажувајќи го моменталното ниво на наполнетост.

Кога батеријата ќе го достигне вистинскиот капацитет, „LED“ екранот го покажува бројот 5.


Внатрешноста, очекувано, во главно е лишена од ретро содржини, бидејќи денеска не се може без два екрани.

Со должина од 3,92 метри, овој градски автомобил ќе биде прв базиран на новата механичка платформа „AmpR Small“.


„Renault“ официјално потврди две опции за батеријата, кои нудат капацитети од 40 kWh или 52 kWh.

Поголема батерија ќе биде достапна од лансирањето, пружајќи WLTP досег од 400 километри. Во иднина ќе поддржува „V2G“ технологија, овозможувајќи им на сопствениците да продаваат енергија назад во мрежата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг