[ФОТО] Главната „змија“ во „Сулејман Величествениот“: Родена е во Македонија, совршено зборува повеќе јазици и се дружи со балканските ѕвезди

Точка

20/02/2024

11:52

5.500

Големина на фонт

а а а

Турската актерка Филиз Ахмет своевремено беше позната по улогата на надзорничката на харемот, Нигар Калфа, во серијата „Сулејман Величествениот.

Таа е родена на 15 април 1981 година во Македонија, но војните на територијата на поранешна Југославија влијаеле на одлуката на нејзиното семејство и на нејзиното детство, па морала преку ноќ да порасне и да ја напушти родната земја, а малкумина знаат дека актерката која поседува автентична убавина совршено говори повеќе јазици.


Љубовта кон оваа професија ја наследила од нејзиниот дедо, познатиот турски актер Луфтија Сејфулах, кој живеел во Македонија, а го основал и првиот македонско-турски театар. Покрај тоа, нејзината мајка била во светот на актерството, работејќи како суфлерка.

Ја напуштила Македонија поради војната

Поради постојаните конфликти на Балканот, нејзиното семејство одлучило да замине во Шведска. Во Македонија се вратила на 15 години, па завршила медицинско училиште, а потоа и Факултет за драмски уметности во Скопје во 2003 година.

Иако мислела дека својата кариера ќе ја развива преку претстави, улогата во турската серија „Збогум Румелија“, донела огромен пресврт. Со оглед на тоа дека растела во театарот, таа не крие дека имала бројни предрасуди за работата пред камери, но истакнува дека многу брзо и лесно се навикнала на тоа.


Потекнувам од уметничко семејство и во театарот сум од мала. Дипломирав глума на Факултетот за драмски уметности во Скопје и првенствено сум театарска актерка. Популарноста никогаш не ми била приоритет“, изјавила своевремено популарната актерка за српските медиуми.

Филиз истакнала дека хероината што ја толкувала во „Сулејман Величествениот“ и таа немаат апсолутно ништо заедничко.

„Таа воопшто не ми беше блиска, но затоа академијата нè научи како да ги подготвуваме ликовите и да ги надминеме проблемите при креирањето на улогата.“

Ликот на Нигар Калфа ја вивнал во ѕвездите, а на кастингот било јасно дека таа улога била пишувана како за неа, па тогаш и се преселила од родното Скопје во Истанбул.


„Улогата на Нигар Калфа во „Сулејман Величествениот“ ме збогати со нови искуства. Снимаме секојдневно по петнаесет часа, шест дена во неделата. Напорно е, но утешно е што ја работам работата што ја сакам. Како уметници, секогаш ја наоѓаме суштината, знаеме како да го издржиме напорот затоа што имаме цел. Атмосферата на сетот е одлична, се дружиме. Си помагаме, особено партнерите во дијалозите. Сцената не е завршена додека не ја дадеме вистинската енергија која ја бара приказната. А пред снимањето се договараме како најдобро да ја одиграме“, изјавила своевремено Филиз за „Glorija“.


Се дружи и поминува време со Ханка Палдум

Иако театарот многу ѝ недостасува, актерката се посветила на сериите. Меѓутоа, она што сите ги изненадило е нејзината драстична промена на изгледот. Таа ја скратила својата долга коса и сега има паж фризура, а неретко можеме да ја видиме и со впечатлива шминка. Може да се чујат коментари дека е исклучително младолика, и дека никогаш не изгледала подобро, зашто поткрепува и тоа што сега е многу послаба, отколку во раната младост.


Исто така, на нејзиниот „Instagram“ можете да видите фотографија со познатата пејачка Ханка Палдум. Дамите делувале многу расположено, се чини дека добро се познаваат и се доста блиски, а насмевката не ја тргале од лицето.