Сопругата на раперот Канје Вест, Бјанка Ценсори, како и вообичаено, не остави многу простор на имагинацијата при своето последно јавно појавување, но нејзиниот моден избор овој пат беше малку поинаков од претходните.
Имено, 30-годишната Ценсори за време на појавувањето со Канје Вест во Њујорк, била фотографирана во необична долна облека со шарени бонбони.
Архитектката и манекенка гордо ја покажа својата фигура во шарениот комплет и сребрените потпетици додека таа и Вест влегувале во студиото во саботата. Стајлингот го надополни со темна перика.
Што се однесува до Вест, тој носел сив дуксер со качулка, црни панталони и чизми, што претставува целосен контраст во однос на Бјанка, која инаку е позната по нејзините провокативни модни изданија.
Неодамна за време на одморот во Шпанија таа носела проѕирен горен дел и црно здолниште со шлиц до бутовите.
Сепак, најголемо внимание привлече кога се појави на доделувањето на Греми наградите во проѕирен фустан без ништо под него.
Потсетуваме, Бјанка се врати на носењето оскудна облека откако таа и Канје повторно се зближија во април оваа година. Според гласините, таа раскинала со Вест поради неговите вулгарни и антисемитски испади на социјалните мрежи. Сепак, тие беа снимени заедно на 19 април, кога посетија секс-шоп.
Откако се смирија, раперот ја потврди својата изјава дека тој е нејзин „господар“ и дека „секој маж треба да има своја Бјанка“.
„Таа е добра жена која прави сè што ќе ѝ кажете, не се грижи околу тоа што другите имаат да кажат, единственото нешто за што се грижи е да биде подредено продолжение на својот господар“, напиша тој во една прилика на социјалната мрежа Икс.