„Имав совршен живот во Швајцарија, а потоа во дивината на Африка здогледав Масаи воин и напуштив сè за него“: Јадела козјо месо и пиела чај со шеќер и млеко измешано со крв

Точка

15/12/2023

10:44

23.980

Големина на фонт

а а а

Корин Хофман од Швајцарија во 1987 година имала речиси совршен живот, била млада, убава и успешна. Таа имала свој бутик и стабилен љубовен живот, а со својот партнер во 1987 година одлучила туристички да ја посети Кенија. Во таа африканска земја нејзиниот живот радикално се променил на апсолутно неверојатен начин.

На траектот кој одел кон градот Момбаса во Кенија, Корин забележала воин од Масаи – ја маѓепсале неговата исплетена коса бојадисана во црвено, бројниот накит и појасот околу меѓуножјето.


Се разбира, таа не е единствената туристка која љубопитно ги набљудувала кениските домородци, но додека повеќето жени се задоволиле со моменталната фасцинација, Корин ја „изгубила главата од заљубеност“.

Во книгата „White Masai“, која ја напишала години подоцна, таа го опишала овој воин како „фасцинантно привлечен човек“, додавајќи дека „изгледал како млад Бог“.


Кога повторно се сретнала со племињата Масаи кои биле нејзини водичи низ Момбаса, таа го сфатила тоа како знак. Корин, која тогаш имала 27 години, се вратила дома, го продала својот бутик, раскинала со момчето и одлучила да ја напушти најсредената држава на светот, Швајцарија, и да се упати кон Кенија во потрага по „нејзиниот“ воин, притоа немајќи ниту најмала претстава што ја очекува понатаму.

„Не знам што тој би можел да чувствува за мене, но себеси веднаш се убедувам дека постои само еден одговор: „Тој се чувствува потполно исто како и јас“, пишува оваа жена во својата книга.

„Имав најдлабоко чувство дека морам да го следам тој човек. Морав да го барам низ цела Кенија. Поминав три месеци обидувајќи се да го најдам. Станав уморна и безнадежна и мислев дека никогаш повеќе нема да го видам. Но, на крајот, го најдов и ми беше драго и само да седам со нега“, раскажала своевремено во едно интервју.

Корин го пронашла својот воин Масаи – Лкетинга, припадник на племето Самбуру, во неговото село кое се наоѓало на три дена возење со автобус од Момаса. Наспроти секоја логика и разбирање, иако била предупредена дека жените се помалку ценети и од козите таа се преселила кај него и неговата мајка.

Лкетинга и Корин не зборувале ист јазик, па дури и сексот им бил лош, но таа продолжила да истрајува во намерата да остане со овој маж. Таа живеела во колибата на неговата мајка, која Кенијците ја нарекуваат маниата, направена од стапови и кравји измет. И додека на обичен човек му е тешко да помине макар и неколку минути во ова мрачно, зачадено, ниско „дувло“, Корин живеела таму во наредните три и пол години. Јадела козјо месо и пиела чај со шеќер и млеко измешано со крв.


Иако Лкетинга никогаш не зборувал за своите емоции кон целото искуство, Корин не се занимавала со анализа – таа само делувала интуитивно. На крајот и се омажила за овој воин и тоа на традиционална церемонија во бела венчаница, а го избегнала предбрачното обрежување благодарение на лагата што нејзиниот сопруг ја кажал пред племето – дека била обрежана како бебе.

Меѓутоа, брзо се појавиле првите проблеми – купила комбе и во него отворила продавница, каде целото село се снабдувало со храна. Но, тешкото патување до градот, честите дефекти на возилата, кражбите и корупцијата го отежнале нејзиниот бизнис и ја испразниле нејзината сметка во швајцарската банка.

Покрај тоа, маларијата, хепатитисот и недохранетоста го ослабеле телото на Корин; таа тежела само 48 килограми на висина од 180 сантиметри. Кога ја родила ќерката Напираи, само итен лет до болница им ги спасил животите.


Интимните односи со Лкетинга биле површни, иако таа го научила да води љубов на западен начин. Но, тој почнал да ѝ замерува што е независна и ја обвинил за неверство. Љубоморен и заматен од помрачената свест поради мирото, локална билка со стимулативно дејство, воинот Масаи станал насилен. Во 1990 година, Корин ја напуштила Кенија со својата ќерка под изговор дека ќе оди на одмор во Швајцарија. Меѓутоа, таа останала таму засекогаш, а по 15 години се вратила во Барсалоа, селото на нејзиниот сопруг, кога бил сниман филм за нејзиниот живот, кој како и книгата го носи името „White Masai“.


Книгата е продадена во повеќе од четири милиони примероци и е преведена на 26 јазици, а Корин напишала уште две продолженија – „Back from Africa“ и „Reunion in Barsaloi“.

„Мојата свекрва ми е како мајка. Лкетинга има добар начин на живот, има две локални сопруги и една ќерка. Беше горд што ни го покажа селото“, раскажала Корин во 2006 година кога повторно го посетила селото во кое некогаш живеела со овој воин.


Корин никогаш не успеала во целост да ги објасни своите чувства кон човекот кој во книгата, меѓу останатото го претставила како импулсивен, своеглав, лудо љубоморен, неодговорен и склон кон навреди. Таа никогаш не можела да го објасни чувството, односно потребата радикално да го промени својот живот и да замине во Кенија, несвесна за тоа што ѝ го подготвува животот.

Корин едноставно вели дека по нејзината прва средба со Лкетинга чувствувала дека се вратила дома, дека го открила „чувството на припадност, како да го пронашла своето семејство, своите луѓе.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг