Еве што јадат децата на Ѓоковиќ секое утро, воедно причината зошто ретко се разболуваат: Поздрави се од половина деца на нивна возраст поради овој појадок – Евтино и брзо

Кармин

08/12/2023

21:28

19.499

Големина на фонт

а а а

Уште откако пред неколку години Новак Ѓоковиќ го променил начинот на исхрана и престанал да јаде месо, за тоа непрестајно се зборувало во јавноста.

Таа тема сè уште е актуелна, подеднакво како и за исхраната на неговата сопруга Јелена, а потоа и нивните деца.

Мама Јелена не крие дека Стефан и Тара се на растителна исхрана. Иако Стефан во првата година и пол од животот јадел месо, неговата сестра Тара никогаш не го пробала.


„Стефан првата година и пол имаше нормална исхрана со месо и риба, а потоа се префрли на растителна храна и е многу добар и многу здрав, а Тара е на растителна исхрана откако е родена, фала му на Бога никогаш не сме имале проблеми со нејзиното здравје. Децата се потполно на растителна исхрана, без никаков проблем јадат компир „како луди“, и краставици, и моркови“, своевремено изјавила Јелена.


Сопругата на Новак открила и како обично подготвува мешавина од семки и кокосово масло за појадокот на своите деца.

„Чиа семки, маслодајна репка, семе од афион, црница, лен, какао, кокос, каму-каму, ванила и овес, плус кокосово млеко, Утредента само додавам свежо овошје и свежо исцеден овошен сок. Преку сите овие суви намирници се прелева кокосовото млеко, се покрива и остава да отстои до утре“, објаснила Јелена.


Сепак, дека и тие се само деца како и сите останати, покажува фактот дека Стефан и Тара одбиваат да јадат зелена салата. „Не паничам, бидејќи тоа им го давам преку суплементација или шејкови. И не пржиме, туку вариме, тие јадат варен компир или пире“, нагласила сопругата на познатиот тенисер.