[ВИДЕО] Совршен за време на постите – Посен колач по бабиниот рецепт кој ги буди сите сетила, и со вкус и со мирис!

Точка

08/12/2023

20:50

14.688

Големина на фонт

а а а

Сочен и вкусен, овој колач е одлична замена во време кога се јаде посна храна и се спрема за празниците.

Толку е вкусен, што ќе ви стане еден од омилените рецепти и слатки дури и кога не постите. Ќе уживате во прекрасниот вкус и неверојатно меката текстура на овој здрав и посен колач, одлично уживање после ручекот. Нема да имате грижа на совест, бидејќи ова е потполно здрав десерт.


Потребни намирници

2 јаболка;

400 гр брашно;

100 гр мелени ореви;

100 гр мелени смокви;

100 гр шеќер;

Кора од портокал;

1 лажичка сода бикарбона;

1 лажичка прашок за печиво;

50 мл масло.


Прелив

200 гр шеќер;

1 портокал по желба;

Лимон;

200 мл вода;

1 ванилин шеќер.

Подготовка

Во сад додадете ставете го просеаното брашно, заедно со прашок за печиво и сода бикарбона, додадете мелени ореви, кората од портокал, рендани јаболка со шеќер. Потоа додадете ги смоквите и маслото и изедначете ја убаво смесата. Истурете во намрсен плех и израмнете. Печете на 200 степени, по половина час намалете на 180 степени. Во тенџере ставете шеќер и парчиња портокал или лимон. Оставете да врие неколку минути.

Изладениот колач исечкајте го на коцки. Прелијте го со изладениот сируп. Кога колачот ќе го впие сирупот, тогаш послужете го.

Уживајте!