Фритулите се омилен десерт на многумина, особено во оваа празнична сезона, а овој рецепт е вистински хит поради својата едноставност и фактот дека на сите им успеваат „од прва“ речиси секој пат.
Што се однесува до состојките, потребни ви се јајце, јогурт, шеќер, ракија, мазно брашно и прашок за печиво. За тестото да биде уште повкусно, додадете прстофат сол, а по желба може да додадете и цимет, како и свежо изрендана кора од лимон или портокал.
Рецептот за „најдобрите фритули на светот“ изглед вака:
1 јајце;
200 гр јогурт;
3 лажици шеќер;
1 лажица ракија
200 гр обично брашно;
0,5 кесичка прашок за печиво;
¼ лажичка цимет;
1 лажица рендана кора од лимон по желба;
500 мл сончогледово масло за пржење.
Подготовка
Во плитко и широко тенџере налејте сончогледово масло и загрејте го. Сите состојки за фритулите убаво измешајте ги и смесата е подготвена за пржење. Се додава ракија како би фритулите впиле помалку масло. Маслото е доволно загреано кога во него ќе ставите дрвена лажица и околу неа ќе почнат да се создаваат меурчиња.
Фритулите обликувајте ги со помош на две лажички и спуштајте ги во загреаното масло. Тие ќе се надуваат во совршено тркалезни топчиња и ќе се вртат во текот на пржењето.
Доколку секоја од нив не се врти сама, само нежно заротирајте со виљушката. Кога ќе добијат златножолта боја готови се. Извадете ги на кујнска хартија како би се исцедиле.
Фритулите по желба можете да ги посипете со шеќер во прав или чоколадо.
Уживајте!