Убавицата од Велика Британија е вистински доказ дека чуда постојат и дека со силна желба и волја сè е навистина возможно.
Поранешната манекенка и мисица Кејти Пајпер преживеа страшна несреќа во 2008 година, кога едно лице по инструкции на нејзиното тогашно момче, ја поли со киселина која ѝ остави трајни лузни на телото и лицето. Сега Кејти се појави на еден моден настан во Лондон во елегантно издание и воодушеви многумина.
Со храброст и желба да се издигне над сè, оваа жена не престанува да предизвикува восхит, а на „The British Fashion Awards“ дојде во бел фустан со детали од пердуви на деколтето.
Стајлингот го комплетираше со црни проѕирни ракавици, како и црни чорапи, а косата и биле фатена во реп наназад и го истакна лицето на кое има видливи лузни.
Да потсетиме, Кејти зборуваше за трауматичното случување во нејзината биографија „Beautiful“. Таа едвај преживеала, а останала слепа на едното око. Кејти денес е инспирација за луѓето и се труди да им помогне на сите кои поминале низ слична ситуација. Таа има две ќерки и е среќно мажена, а работи како радио водител, инфлуенсер и телевизиска личност.