[ФОТО/ВИДЕО] Е ова е мода! Кожни јакни, впечатлива шминка и големи фризури - тоа се „лудите 80-ти“ во Југославија

Точка

07/12/2023

13:18

4.856

Големина на фонт

а а а

Југословенките често беа незадоволни од понудата на домашните продавници за облека и покрај огромниот број фабрики и милиони обработени метри ткаенина. И покрај тоа, се случуваа неверојатни работи. Кога одреден модел ќе ги освоеше срцата на купувачите, тој се произведуваше во толкава количина што беше речиси невозможно да ја избегнете сосетката на скали да го носи истиот костим.

Од друга страна, често се патуваше и во познатиот Трст така што најупорните секогаш пронаоѓаа некои парчиња со чија помош ќе се истакнеа меѓу својата генерација.

Облеката стана клучен елемент за изразување на идентитетот во Југославија во овој турбулентен период. И додека некои можеби се прашуваат дали облеката навистина го прави човекот, јасно е дека општеството ѝ придаваше исто толку важност на облеката како и на другите основни потреби. Со отворање на плакарот откриваме дека облеката станала средство за бунт, слично на револуциите на текстилците од 14 век или технолошката револуција која го трансформираше текстилното производство во индустриска ера.

20-от век е прогласен за луд кога е модата во прашање, но сега е време да ја игнорираме неговата крволочна природа и да се фокусираме на поживописните аспекти. Женската мода никогаш не била толку разновидна во стилови, бои и форми. Машката мода може да се сведе на варијации помеѓу костуми и фармерки, додека женскиот моден свет блескаше во својата различност.


Модата во 80-тите во Југославија не беше само облека, туку израз на идентитетот, како што можете да видите од фотографиите. Модата беше средство за бунт и носител на социјалниот статус. Многу мисици и манекенки станаа икони на овој период, промовирајќи шаренило и различност на улиците на Белград и Загреб. Без сомнение, модата одигра клучна улога во дефинирањето на духот на тоа време.