Традиционалните камени куќи со црвени покриви, поглед на околните планини Батроун, цркви стари со векови и неодамна реновиран пазар, се само дел од причините зошто либанската Дума се наоѓа на листата на најубавите туристички села во светот – според листата на Светската туристичка организација, специјализирана агенција на Обединетите нации, основана со цел следење, регулирање и развој на туризмот во светот.
Селото чие име се преведува како „мир“ или „тишина“ североисточно од Бејрут, во плодната долина Кфар Хилд. Со интересна форма, како скорпија (како што милуваат да кажат мештаните), ова место е едно од катчињата на Либан каде освен мирот и тишината ќе најдете срдечни домаќини, одлична храна, прекрасна природа, како и тесни улички кои со својот изглед нè навраќаат во минатото.
Жителите на Дума многу внимателно го чуваат тоа што го имаат, ги ценат традиционалните куќи и културното наследство и се претпазливи како би избегнале хаотична урбана експанзија.
И традиционалните јадења таму имаат посебен статус. Локалните жители ја негуваат гастрономската традиција на производство на маслиново масло и сирење, исто како и слатките кои личат на рахат локум. Многу од состојките во кујните на Дума доаѓаат од локалните фарми и лозја.
Сепак, Дума не се потпира само на минатото: селото исто така презело и низа еколошки иницијативи, вклучително и употреба на стотици соларни панели за производство на електрична енергија, како и поттик за садење дрвја и компостирање. Но, повеќе од неговата убавина, културното наследство, храна или дури и одржливост, Дума се издвојува по љубезноста на своите жители, за кои се вели дека се топли и спремни да им помогнат на странците.
Токму поради оваа причина се препорачува и сместување во некоја од руралните пансиони, каде што можете да ги запознаете домаќините – како и локалната храна, од прва рака.