[ФОТО/ВИДЕО] Ова не е главниот град на Франција: Копијата на Париз која е изградена 10 илјади километри подалеку од оригиналот

Точка

06/12/2023

11:17

12.676

Големина на фонт

а а а

Доколку ја погледнете панорамата на Тиандученг, не можете, а да не ја забележите градбата која неодоливо потсетува на Ајфеловата кула.

За разлика од париската кула која се издигнува на 330 метри, кинеската верзија е направена така што зазема третина од оригиналот, а висока е само 108 метри. Тоа е 53 метри пониско отколку највисоката копија на Ајфеловата кула на светот која се наоѓа пред хотелот „Paris Las Vegas“ во Лас Вегас.

Ова не е единствената сличност која Тиандученг ја дели со главниот град на Франција. Таа кинеска населба во округот Линпинг во провинцијата Жејианг на истокот од Кина започнала да се гради во 2007 година со намера да го долови стилот на Париз.

Околу 30 километри квадратни од просторот се изградени на начин да ја имитираат архитектурата на Париз.


Францускиот шик требало да ги привлече Кинезите и да ги инспирира да купат недвижнини токму таму и да го започнат својот живот во едно ново руво. Но, тоа „од прва“ не се случило. На почеток само ретки биле подготвени на тој чекор. До 2013 година во населбата живееле само две илјади луѓе поради што многумина го нарекле град на духови.,

Но, оваа бројка значително се сменила во последните десет години, во што се уверила и екипата на Јутјуб каналот „Yes, Theory“. Тие отпатувале во Кина под премисла да го истражат градот на духови во Кина којшто изгледа како Париз, но се изненадиле кога стигнале во него.


Иако улиците на градот во утринските часови биле празни, до вечерта таму имало добро расположени Кинези.