Мајката на Дино Мерлин ги навредила Чола и Брега кога дошле на Бајрам! Не била воодушевена – Им упатила само една реченица

Точка

04/12/2023

23:01

11.859

Големина на фонт

а а а

Сараевскиот пејач Дино Мерлин со неодамна одржаните концерти го кренал Белград на нозе, Арената се „тресела“, а неговото гостување не поминало ниту без негативни коментари.

По четири концерти во преполната Арена, пејачот му се обратил на Белград со само два збора и предизвикал лавина коментари на социјалните мрежи.


Дино Мерлин е роден на 12 септември 1962 година во Сараево, а неговото вистинско име е Един Дервишхалидовиќ. Роден во скромно семејство, татко му ги напуштил, а тој пораснал со мајка му. Со оглед на финансиските тешкотии, многу рано почнал да работи во фабрика, додека музиката отсекогаш била негова страст, со посебен акцент на гитарата. Ретко говори за својот приватен живот. Во една прилика, сепак, ја отворил душата и зборувал за своето тешко детство и признал дека му простил на татко му што го напуштил, но дека тоа не значи и дека заборавил.


„Татко ми беше столар, а мајка ми була, односно муслиманска верска службеничка. Имав тешко детство: татко ми го напушти семејството кога имав седум, а сестра ми Амина пет години. Мајка ми се обиде да ни даде сè што беше во нејзина моќ, па не трпевме премногу. Имав велосипед, половни скии и јаболко секоја вечер пред спиење што, всушност, беше доста. Многумина во тоа доба го немаа ниту тоа“, зборувал Мерлин.

Кон својата мајка чувствувал вечна благодарност, а со оглед на тоа дека додека растел немал комплетно семејство, сега своето го чува како најдрагоцен дел од животот. Во песната „Средином“, Дино се присетува како неговата мајка не била воодушевена кога дознала дека нејзиниот син сака да се занимава со музика. Наместо тоа, таа сонувала дека нејзиниот син ќе стане инженер.


„Немав благослов од моето семејство кога започнав да се занимавам со оваа работа. Мајка ми никогаш не беше задоволна со мојот избор, секогаш мислеше дека би требало да бидам инженер или некој фин граѓанин со вратоврска кој работи од седум до три. Но, мајка е мајка. Па така, таа ми помогна да купам нова гитара, мислејќи дека ќе свирам едно лето и дека тоа брзо ќе ми помине. Но, мене тоа уште повеќе ме мотивираше и сè повеќе свирев“, открил Дино.

Од тој период на предвоена Југославија останала и една интересна анегдота која говори за ставовите на мајката. Имено, Дино открил дека неговата мајка не била воодушевена кога Горан Бреговиќ и Здравко Чолиќ дошле во нивниот дом на Бајрам.


„Радо се сеќавам на таа анегдота, која во тоа време не ми беше драга ниту како анегдота. Иако потполно ја разбирам својата мајка. Таа се трудеше да биде и татко и мајка за мене и за сестра ми, да нè изведе на вистинскиот пат, а уметниците отсекогаш важеле за „ветрушки“ кои живеат од денес за утре, а таа за нас сакаше сигурна и угледна работа. Како што посакува секој родител за своето дете.


Кога гордо ѝ ги претставив нашите гости, Чола и Брега, таа само кратко прокоментира: „Шејтани (ѓаволи), како и тебе.“, раскажал Дино кој со Чолиќ останал одличен пријател и денес, а тој сега и му гостувал на еден од концертите во Белград.




Спонзорирани линкови

Маркетинг