Била „робинка“ во постелата на моќните луѓе, татко ѝ ја силувал: Манекенката по мрачните признанија мистериозно исчезнала

Точка

03/12/2023

16:00

15.087

Големина на фонт

а а а

Холандската убавица Карен Мулдер (53) била една од најпознатите манекенки во 90-тите години на минатиот век, денес живее далеку од очите на јавноста.

По скандалот којшто во 2001 година ја одбележал нејзината кариера, се вратила на моделингот, но повеќе ништо не било исто како претходно.

Денес таа само повремено се занимава со манекенство, а исто така фокусирана е и на музиката. Освен тоа таа станала и мајка, па најмногу време поминува со ќерката Ана.


За францускиот фотограф Рене Босне се венчала кога имала само 18 години, а се развеле само пет години подоцна.

После тоа, таа била во врска со принцот Алберт којшто наводно бил опседнат со нејзината убавина. Се зборувало и дека ќе стане новата Грејс Кели, а потоа со признанијата од својот приватен живот ја шокирала јавноста.

Имено, Мулдер признала дека ја силувал нејзиниот татко, како и дека семеен пријател сексуално ја злоставувал кога имала две години. Покрај сето тоа таа открила дека била киднапирана, хипнотизирана и силувана.

Мулдер отишла и чекор понатаму, па така во една француска емисија во 2001 година изјавила дека влијанието на луѓето во индустријата ги користат моделите и познатите убавици како сексуални робови. Изјавила дека меѓу нив има и политичари и кралеви како принцот Алберт од Монако за кој тврдела дека сексуално ја искористувал.


„Се обидоа да ме претворат во проститутка мислејќи дека тоа ќе биде лесно. Ги пријавив и отпуштени беа. Втор пат бев затворена во канцеларија со човек којшто беше високо позициониран во светот на моделингот. Сите луѓе кои ме издадоа некогаш ги сакав и ценев. Но, тогаш сфатив каква завера е тоа. Државни функционери и полицијата ги искористуваа девојките. Нивните луѓе се обидуваа да ме киднапираат и отрујат“, изјавила Мулдер за „Daily mail“.


Нејзините родители за овие тешки зборови ги обвиниле наркотиците, а сестра ѝ ја одвела во психијатриска установа каде се лекувала од депресија и анксиозност. Иронично, трошоците за нејзиното лекување ги платил маж којшто го обвинила за силување, директорот на париската агенција „Elite“, Жерар Мари.

„Кокаинот ја уништи. Кога ја посетивме во Париз, се уверивме дека беше скршена. Насекаде беа расфрлани нејзините бесмислени идеи и црни мисли. Го обвинуваше секој и секого. Беше грозно. Мора да остане во болница затоа што е опасност сама по себе“, раскажал нејзиниот татко.


Таа во декември 2002 година се обидела да изврши самоубиство и тоа со предозирање со таблети за спиење. Ја спасиле група пријатели кои ја нашле на време. Карен подоцна ги отфрлила сите обвиненија за силување, додала дека претерала и дека ја „изела“ депресијата поради сексуалното злоставување во детството, а потоа се повлекла од јавноста.