Најчестата причина за анемија е недостатокот на железо, а без него вашето тело не е во состојба да произведува хемоглобин којшто на вашите крвни зрнца му е потребен за да пренесува кислород.
Поради тоа железото мора да го вклучите во секојдневната исхрана, но и да го надополните со едноставни напитоци.
Сок од портокал
Студија објавена во „American Journal of Clinical Nutrition“ открила дека консумирањето на витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо од храната. Еден од најбогатите извори на витамин Ц е сокот од портокал затоа што една чаша содржи повеќе витамин Ц од препорачаната доза.
Сокот од портокал исто така е добар избор за пијалак доколку сте станале анемични поради недостаток на фолати. Секоја чаша сок од портокал има 74 микрограми фолна киселина. Ова е скоро 19 отсто од дневната потребна доза.
Сок од морков
Исхраната на која ѝ недостасува храна богата со витамин А може да ја влоши анемијата поради недостатокот на железо. Тоа може да биде така затоа што витаминот А помага железото да се складира во вашето тело и да се пренесе во црвените крвни зрнца. Жолтото и портокалово овошје и зеленчук како што е морковот се добар извор на каротеноиди кои кога се консумираат се претвораат во витамин А. Покрај сок, се препорачува да јадете и свежи моркови.
Сок од суви сливи
Сокот од суви сливи не е добар извор на витамин А или Ц, но е природно богат со железо. Редовното консумирање може да помогне во намалување на симптомите на анемија поради недостатокот на железо.
Секоја чаша сок од сливи содржи повеќе од три милиграми железо. За мажите таа количина треба да биде 38 проценти од неговите осум милиграми препорачана дневна доза железо. За жените тоа треба да биде околу 18 милиграми железо дневно, чаша сок од суви сливи би задоволила речиси 17 отсто од тоа.
Млеко
Луѓето кои имаат анемија затоа што не внесуваат доволно витамин Б12 можат да го надополнат тоа со консумирање млеко. Секоја шолја млеко со ниско содржење на масти содржи еден микрограм витамини Б12 или половина од препорачаната дневна доза за возрасна личност.