„Не смеат да тежат повеќе од 47 килограми, тренираат по 14 часа...“: Сите им се восхитуваат поради славата, но не ја знаат мрачната страна од приказната

Точка

02/12/2023

10:00

6.703

Големина на фонт

а а а

Членките на групата „Blackpink“ неодамна беа гости во Бакингемската палата на приемот кој го организираа британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила во чест на претседателот и првата дама на Јужна Кореја.

Лиса, Роуз, Џису и Џени добија специјални признанија од британскиот монарх. Речиси сите ја знаат само убавата страна на приказната за нив и нивниот успех, но другата страна е прилично сурова.

Успехот на групата, која неодамна се сретна со кралот Чарлс, преточен во пари изнесува 57 милиони евра. Нивната музичка империја се прошири на модата и убавината, а огромното влијание кое го стекнаа ги прави моментално најзначајниот женски бенд на светот.


На Инстаграм ги следат 57 милиони луѓе, 3 пати повеќе од следбениците на Мадона на оваа социјална мрежа. Тие пеат на корејски и англиски јазик, во т.н. К-поп музички стил и се најпопуларни меѓу публиката во Америка и Азија.

Но, не е сè толку одлично, тврди јутјуберката Еудијас од Сандерленд, која влече корени од Кореја. Оваа 25-годишна девојка како дете се преселила во Јужна Кореја поради нејзиниот сон да стане поп ѕвезда. Таа од прва рака раскажала за своето искуство во К-поп кампот за обука.


„Се будевме во 5 часот наутро за дополнително да вежбаме танц пред да започне наставата во 8 часот. Кога ќе завршеше училишниот ден, се враќавме да вежбаме пеење и танцување. Вежбавме до 23 часот и подоцна од тоа“, изјавила Јутјуберката за начинот на живот кој го споредила со „некој вид на научен експеримент“.

Според нејзините зборови, на учесниците во кампот не им било дозволено да излегуваат никаде без дозвола, која и онака речиси никогаш не ја добивале. Излегувањето било забрането, како и непланираните посети од пријатели или роднини.


Еудијас можела да спие на кревет, но оние на кои им се предвидувал послаб успех спиеле на простирки. Ретко кој се жалел затоа што сите биле амбициозни, а ставот на компанијата која се грижела за нивните животи и идни кариери бил: „Сè што доживеавме е дел од учењето за дисциплината потребна за да се биде К-поп идол“.

Никој не смеел да тежи повеќе од 47 килограми

Никој не користел лични имиња, туку уметнички имиња како и одредени броеви кои компанијата ги бирала за нив. Во таков режим членките на „Blackpink“ поминале меѓу 4 и 6 години. Џени во една прилика го споредила тој начин на живот со интернат.

„Траеше 14 часа на ден, само тренинг. Беше навистина грубо“, изјавила таа.

Еудијас го напуштила Сеул пред 2 години и се преселила во Велика Британија. Таа открила дека учесниците на кампот морале да почитуваат одредени критериуми кога станува збор за тежината, која се проверувала на неделно ниво, пред целата група.

„Тежината беше постојана опсесија. Никој не смееше да тежи повеќе од 47 килограми, без разлика на возраста или висината. Ако тежината беше поголема од пропишаната, им се намалуваа порциите. Понекогаш им се одземаа цели оброци, а на членовите кои беа покрупни им се даваше само вода. Гладувањето стана вообичаено. Некои од нив беа анорексични или булимични, а многу девојки немаа менструација“, изјавила таа и открила дека двапати се онесвестила од глад и дехидрација.


Многу членови се подложиле и на пластична операција.

Членките на „Blackpink“ порано изгледале сосема поинаку

Девојките од хит бендот не признале дека направиле било каква пластична операција, но неодамна објавениот документарец на „Netflix“, „Blackpink: Light Up The Sky“ откри дека тие порано изгледале сосема поинаку. А потоа го достигнале „идеалот“: истакнати јаболчници, „совршени“ носеви и раскошни усни.

„Тие ретко имаат можност да развијат нормален училишен живот или нормални социјални односи“, вели корејскиот новинар Ли Харк-џун. „Многу е тешко да се справите со таков начин на живот и недостаток на комуникација со родителите односно семејството“.


Во 2019 година, „New York Times“ ја разоткри вистината за К-поп идолите, откако двете ѕвезди Сали и Гу Хара (28) извршија самоубиство. Две години пред тоа, пејачот на бендот „Shinee“ (27) бил пронајден мртов во својот стан. Тој оставил проштална порака дека е скршен одвнатре. Во 2010 година пејачот и актер Парк Јонг-ха (32) изврши самоубиство поради извештаи за притисокот во кариерата.

Да се биде К-поп идол стана професија за многу млади луѓе, не само во Јужна Кореја, каде ѕвездите се користат за промоција на различни гранки од индустријата, пишува хрватскиот „Jutarnji“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг