Објавена листа на 10 најдобро облечени жени на светот за 2023 година - дали се согласувате со изборот?

Точка

01/12/2023

19:29

7.145

Големина на фонт

а а а

Како што се наближува крајот на годината, така полека се прават разни листи на најуспешни и најдобри во различни „дисциплини“, па така е и со модата. Но, меѓу 10-те стилски икони за 2023 година, ја нема дамата која сите ја очекуваа.

Оваа листа на 10 најдобро облечени дами за 2023 година се заснова на тоа колку пати нивните стајлинзи биле пребарувани на „Google“.

На врвот на листата е можеби личност која се очекува на тоа место, а истото може да се каже и за другите познати дами кои годинава ги полнеа модните списанија. Но, многумина се изненадени што на листата ја нема Хејли Бибер, која важи за трендсетерка, особено кога е уличната мода во прашање.


Софија Ричи е на 10-то место, Били Ајлиш е на деветтото, Бијонсе е на осмото, додека Аријана Гранде е на седмото место. Еве како изгледа остатокот од листата:

6. Меган Маркл

Од Меган повеќе не се бара да биде редовна на кралските настани, но затоа е на сите модни листи. Нејзиниот стил е опишан како комбинација на лежерност и елеганција, како и тивок луксуз и класика.

5. Лејди Гага

Лејди Гага е „специјалист“ за привлекување внимание, што редовно го прави со своите необични и многу смели стајлинзи. Ја видовме во многу елегантни комбинации, некои по малку ексцентрични, но и во обични фармерки и маичка. Кај неа едно е сигурно – никогаш не е монотона.

4. Селена Гомез

Селена Гомез е опишана како божица на едноставноста и минимализмот. Но, понекогаш и таа сака да експериментира со хеклани парчиња, светли бои и животински принтови.

3. Кејт Мидлтон

Кејт без сомнение е една од модните икони на денешницата. Таа имала неверојатни 274.000 пребарувања на „Google“, што ја прави најпопуларна меѓу аристократите.

Ако ги погледнеме нејзините комбинации, јасно е дека секоја дама може да најде нешто што ќе ѝ се допадне.


Таа е многу сестрана, а можеме да ја видиме во уникатни дизајнерски креации, но и во „high street“ брендови, фармерки... Можеби најдобриот совет што можете да го земете од неа е да бирате монохроматски аутфити.

2. Кендал Џенер

Со некаде околу 317.000 пребарувања на стајлинзите на „Google“, Кендал е на второто место на оваа листа.

Најчесто ја гледаме во „street style“ комбинации, додека за свечените пригоди избира елегантни комбинации. И да, таа често носи неутрални бои. Ете и еден совет од неа.

1. Тејлор Свифт

Пејачката Тејлор Свифт, која оваа година ја одржа својата музичка турнеја, собори низа рекорди, па не е чудно што е прва на листата. Целиот светски моден печат пишуваше за нејзините прекрасни стајлинзи од турнејата.

Сепак, таа е многу повлијателна кога се во прашање уличните аутфити инспирирани од винтиџ моментите. Таа едноставно не може да погреши кога станува збор за стајлингот. И да, сите се воодушевени од нејзините високи чизми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг