Дамијано Давид снимен со новата девојка: Фронтменот на „Maneskin“ е официјално во врска со американската пејачка и актерка

Точка

01/12/2023

16:28

2.935

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот пејач и фронтмен на групата „Maneskin“, Дамијано Давид се прослави со победата на Евровизија во 2021 година со песната „Ziti E Buoni“.

Сега е потврдено дека Дамијано е во врска со пејачката и актерка Дав Камерон, а ваквата информација дојде по објавата на папарацо фотографиите од нив.

Парот во една прилика беше фатен како го напушта концертот на „Maneskin“ и заедно влегува во автомобил во Сао Паоло, Бразил.


Тие беа фатени и како се шетаат и се бакнуваат на плажа во Сиднеј, а откако фотографиите беа објавени во италијанскиот магазин „Chi“,брзо станаа вирални на социјалните мрежи.

Дав Камерон е американска пејачка и актерка. Има бројни остварувања, но стана позната по двојната улога во хумористичната серија „Liv and Maddie“, како и во улогата на Мал во филмот „Descendants“.


За потсетување, во јуни оваа година беше објавено видео на кое се гледа како Дамијано се бакнува со непозната девојка во ноќен клуб, а истата снимка крена голема прашина бидејќи на тој начин се дозна за крајот на врската помеѓу него и манекенката Џорџа Солери.

Фронтменот на групата се огласи и рече дека не ја изневерил затоа што двајцата раскинале неколку дена претходно, но тие не го објавиле тоа бидејќи не можеле да се справат со ситуацијата.


Инаку, многу брзо се дозна и која е девојката со која се бакнувал Дамијано. Станува збор за Мартина Таљенти, една од најдобрите пријателки на басистката на „Maneskin“, Викторија де Анџелис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг