Колку што ги гледавте нивните караници – толку беше! Џенифер Лопез и Бен Афлек го сменија курсот, барем во јавноста. Славниот пар пред неколку дена се прошета во Лос Анџелес, а за време на утринската прошетка „паднаа“ бакнежи.
Ниту „м“ од мрачноста што ги мачи штом ќе излезат. Џеј Ло и нејзиниот сопруг, кои ја почнаа својата врска пред 20 години, имаа низа испади во јавноста кои многумина ги протолкуваа како знак за крај на нивната врска. Но тоа не се случи.
Имено, пред само неколку дена, Џенифер Лопез и Бен Афлек биле забележани како се бакнуваат во продавница за мебел кој го купувале за замокот во Лос Анџелес, вреден 60 милиони долари.
Некој би рекол дека со јавните бакнежи сакаат да ги стават во втор план приказните за кавгите. Беше повеќе од очигледно дека на Џенифер Лопез многу ѝ пречеа написите за намќорестото однесување на Афлек во нејзино друштво и за несогласувањата јасно видливи во виралните видеа.
Сепак, има многу детали од нивното минато и сегашност кои не треба така лесно да ве натераат да се сомневате во нивната љубов.
Џенифер Лопез и Бен Афлек првпат ја започнале својата романса во 2002 година. Тие се разделиле две години подоцна, таа во бракот со Марк Ентони ги добила близнаците Ема и Максимилијан, додека Бен има три деца од бракот со Џенифер Гарнер.
Втора шанса на нивната љубов дадоа во април 2022 година кога се верија повторно. Тие се венчаа минатиот јули во Лас Вегас, а потоа направија втора свадба во Џорџија, месец дена подоцна.
Нивните бакнежи ги видовме повеќе пати оттогаш и на црвениот тепих, но она што изгледаше како идилична втора шанса за љубов беше расипано од неочекуваните ситуации во јавноста како расправиите, кои во случајот на Афлек достигнаа сериозно ниво.