Софија Вергара со порака за оние кои ја обвинуваат за пластични операции: Призна што сепак направила

Точка

29/11/2023

14:40

4.036

Големина на фонт

а а а

Во интервју за „Glamour“, Софија Вергара зборувала за лансирањето на сопствената линија на козметика наречена „Toty“, а во исто време се осврнала и на обвинувањата дека имала серија пластични операции.

Помеѓу другото, 51-годишната сакала да нагласи дека сите обвинувања за бројни пластични операции кои може да се прочитаат на социјалните мрежи се сосема незаслужени - иако ја смеат.


„Понекогаш ги читам пораките – но избегнувам да ги читам коментарите затоа што, зошто? Обично луѓето се нерасположени или депресивни или љубоморни“, вели Вергара.

Таа потоа се пошегувала дека пораките што ги чита обично гласат нешто како: „Таа и направи толку многу работи што веќе не ни личи на себе“.

„Во тие моменти сакам да им кажам: „Не, тоа се вика стареење! Тоа се вика...ох, јас сум веќе стара! Затоа изгледам поинаку!“ – изјавила актерката за критичарите.


Иако нема направено пластична операција, Вергара сепак признава дека има ситни естетски зафати со кои таа редовно ја одржува убавината.

„Правам ситници овде-онде. Правам микронидлинг третмани кога можам. Исто така, не правам паузи. Посакувам да имам малку пауза од работата. Тогаш би правела многу повеќе, но правам микронидлинг, мали ласерски третмани за капилари затоа што имам розацеа, и редовно ставам ботокс околу очи и на вратот“, открила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг