[ФОТО] Сите ја навредуваа сопругата на Пирс Броснан поради вишокот килограми, сега ослабнала 45 – и уште е прекрасна

Точка

28/11/2023

09:09

10.315

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Пирс Броснан и неговата сопруга Кили Шеј Смит ја имаат една од најубавите љубовни приказни во светот на шоубизнисот.

Дури ни после 22 години брак тие не престанале да се изненадуваат еден со друг со нежните гестови и страсни допири, дури и во јавноста, а парот практично е нераздвоен и јавно ги покажува своите емоции.


Броснан често на социјалните мрежи на својата сопруга ѝ упатува емотивни пораки полни со љубов и ѝ дава комплименти.

Пирс во повеќе наврати ја бранел Кили и од критиките на јавноста на сметка на нејзините килограми. Имено, таа веќе со години наназад имала вишок килограми, а тоа не влијаело на нејзината убавина и вродена елеганција, но сепак „дежурните критичари“ постојано ја навредувале.


Кога во една прилика го прашале што мисли за килограмите на својата сопруга, актерот со смешкање одговорил: „Таа е една во милион. Толку сум среќен што ја најдов“.

„Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст. Кога Кили ќе ме погледне секогаш ме воодушевува и чувствувам како колената ми треперат“, додал Пирс.

Актерот признал дека нејзините килограми не ги коментира само јавноста, туку и нивните пријатели:

„Пријателите дури ѝ понудија операција за да ја намали тежината“, коментирал актерот и додал: „Јас ја обожувам секоја нејзина облина од телото. Таа е најубавата жена во моите очи. А, исто така и мајка на нашите деца. Во минатото навистина ја сакав само поради тоа каква е, а сега ја сакам повеќе затоа што е мајка на нашите деца. Многу сум горд на неа и секогаш настојувам да бидам достоен на нејзината љубов“.

Но, на новите фотографии јасно е дека оваа дама е значително повитка од претходно. Некои странски портали наведуваат дека успеала да ослабне дури 45 килограми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг