Мажите искрени и транспарентни: Oткриена разликата помеѓу жената што ја сакаат и онаа со која имаат интимни односи

Точка

27/11/2023

16:30

8.295

Големина на фонт

а а а

Мажите често ги истакнуваат своите похотни склоности, особено кога станува збор за сексуалната интимност.

Иако тоа е познато, тие нагласиле дека сексот со жената која ја сакаат значително се разликува од односот со жена кон која немаат никакви емоции.

Со цел да го аргументираат ова тврдење, неколкумина мажи одлучиле отворено да ги споделат своите искуства и искрено да признаат како го доживуваат сексот со жената која ја сакаат во споредба со онаа за која немаат никакви чувства.


Во продолжение ви претставуваме седум искрени исповеди од мажи:

1. „Жена која ми служи само за секс останува таму само поради тоа. Никогаш не би ја повикал да излеземе на кафе или ручек. Таа едноставно не се вклопува во ништо освен во мојот кревет.“

2. „Со жена со која имам само секс без емотивна поврзаност, не ми е гајле за нејзиното мислење, ниту пак дали се гледаме редовно или не.“

3. „Кон жената која ја сакам покажувам многу повеќе нежност во креветот. Емотивната поврзаност со неа не ми дозволува да се однесувам грубо, таа го извлекува најдоброто од мене.


4. „Сексот со жена која не ја сакам е значително поинтересен, експериментирам многу повеќе. Доколку тоа ми се допадне, ќе го продолжам тој однос – но повеќе нема да биде однос базиран само на секс.“

5. „Со жената која ја сакам многу разговарам. Со онаа со која нè поврзува само сексот, не градам никаков однос, немаме ништо заедничко и не сум заинтересиран да го унапредам тој однос кога веќе сум задоволен со повремен секс со неа.“

6. „Интересот за жената која ја сакам не престанува, додека за онаа со која имам само секс обично трае многу кратко. Обично тој однос трае само една или две ноќи.


7. Доколку имам подолго време сексуален однос со една жена и доколку уживам кога е покрај мене, сфаќам дека тоа не е само за секс. Жената со која имам интимни односи не се смета само за тоа доколку нашите средби траат подолго од три пати.“