[ФОТО] Бијонсе стана барбика? Пејачката во фустан кој ги истакнува нејзините облини и нова боја на коса – изгледа 10 години помладо

Точка

27/11/2023

16:11

4.586

Големина на фонт

а а а

Како по некое правило, Бијонсе не се појавила пред фотографите дури и кога ја организирала премиерата на филмот за својот живот.

Синоќа остварувањето наречено „Renaissance“ ја имаше холивудската премиера, а музичката дива не можела да избере подобар фустан за овој настан, иако некои коментираат дека ја ископирала Ким Кардашијан.

Треба да се има на ум дека и Ким Кардашијан само ги следи најмодерните трендови, а тоа што често прва ги носи не значи дека самата ги измислила. Дали Бијонсе во ова издание ви личи на познатата старлета?

Бијонсе станала платинеста русокоса (за оваа прилика), а фустанот на неа е најмодерниот модел на сирена. Нејзината градба во облик на песочен часовник дошла до израз и многумина, но навистина многумина веруваат дека кралицата Би е слика и прилика за неодолива женственост.


Деколтето е на самиот „раб“, но со оглед на тоа што Бијонсе често се појавувала и во поразголени изданија, овој фустан во споредба со нив е дури и поодмерен.

Премиерата била и прилика за обединување на сите членки на некогашната група „Destiny's Child“ во која Бијонсе направи важни музички чекори на почетокот на нејзината кариера. Присуството на членките на овој настан потврди дека меѓу нив нема нерасчистени сметки, а познато е дека Бијонсе е особено блиска со Кели Роланд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг