[ФОТО] Доаѓа од Русија, а не е ни Москвич, ни Лада

Точка

27/11/2023

14:31

7.264

Големина на фонт

а а а

Неговото име е „Rossa LM GT“ и станува збор за коловозна верзија на автомобил кој би требало да се трка во „GT2“ и „GT3“ натпреварувања. Планирано е автомобилот да биде финализиран до 2024-та година, а првите примероци на патната верзија би почнале да се испорачуваат после 2026-та.

Зад проектот стои рускиот тркач Роман Русинов, кој се натпреварувал на „24 часа Ле Ман“. Неговата цел е да развие автомобил компатибилен со „GT2“ и „GT3“ правилата, а се за да може лично да учествува на трки. Моментално, негов најголем пример е „Maserati MC12“.

Во обликувањето на автомобилот учествувале дизајнери од згаснатата компанија „Marussia“, за чии автомобили на Западот многу се зборувало.


Агресивно скроен, „Rossa LM GT“ е двосед, а покрај тркачкиот волан и има и модерно дизајниран ентериер во кој недостасуваат елементи важни за комфорот при возењето, како во секој класичен „GT“.


Од техничка страна, познато е дека основата а автомобилот е монокок шасија направена од композит со карбонски влакна. Под хаубата би требало да има атмосферски „5.2 V10“ мотор, веројатно од „Audi R8“ или „Lamborghini Huracan“.

Како што пренесува „auto.ru“, почетната цена ќе биде околу 500.000 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг