Џенифер Лопез и Бен Афлек никако да ја смират напнатоста во бракот, а според најновите сознанија на странските медиуми сега успеале да се скараат поради своите миленичиња.
Холивудскиот пар има осум кучиња и мачка кои живеат во нивната вила на Беверли Хилс вредна околу 60 милиони долари и Џенифер наводно е таа која сака да биде дисциплинирана, а Бен е малку полежерен по тоа прашање.
Според „Heat“, меѓу нив настанала напнатост токму поради домашните миленичиња, а Џенифер смета дека Бен е мрзелив што се однесува до чистењето и водењето грижа за нив.
„Тоа е целосна зоолошка градина во нивната куќа. Џен се колне дека е единствената која го чисти нивниот неред и секогаш приговара Бен да ѝ помогне повеќе или барем да го собере нивниот измет“, открил извор.
Но, потоа Бен извел потег којшто уште повеќе ја налутил Џенифер.
„Тој ангажирал фирма да го чисти нередот наместо нив, што на Џен ѝ пречи затоа што е и повеќе од способна да го прави сама тоа, па според нејзино мислење Бен едноставно е мрзелив“, додал изворот.
Пред овој холивудски пар да ја обнови својата романса во 2021 година, 18 години откако ја раскинале веридбата, таа веќе имала неколку домашни миленици, а исто и Бен.
Близок извор до парот открил дека Џенифер се чувствува малку потиштено затоа што ѝ се чини дека домашните миленици повеќе го сакаат Бен отколку неа без оглед на тоа што таа повеќе се грижи за нив.
„Се чини дека особено кучињата не можат да се заситат од Бен. Сите трчаат по него кога ќе влезе во собата. Доколку излезе од дома почнуваат да жалат по него“, вели изворот.
„Се шегува дека таа е љубоморна на кучињата, но Џен чувствува дека тоа има пасивно агресивен призвук. Џенифер тоа го доживува како напад, но Бен на тој начин сака да ѝ влезе под кожа. Прилично детинесто и нездраво“, заклучил изворот.