Го завела уште додека бил тинејџер: Овој холивудски пар е заедно 40 години, а вака започнала нивната романса – „Сè беше многу бизарно“

Точка

25/11/2023

11:52

12.438

Големина на фонт

а а а

Актерката Голдди Хоун во Холивуд е позната по ведриот дух и младешкиот изглед и на 78 години. Доколку ја прашате како ја одржува младоста, веројатно ќе ви каже дека тоа е благодарение на љубовта што ја добива од сопругот, како и од трите деца и внуците.

Нејзината романса со Курт Расел е позната во Холивуд. Тие двајца навистина се сакаат и тоа сите го знаат, а оваа приказна започнала во далечната 1968 година, кога се запознале на снимањето на филмот „The One and Only, Genuine, Original Family Band“.


„Имав 21, а тој 16. Мислев дека е сладок, но беше премногу млад. Повторно се сретнавме неколку години подоцна. Ми се допадна и се сетив дека многу ми се допадна кога првпат го видов“, своевремено зборувала Голди.

Романсата на холивудските ѕвезди се разгорела во 1983 година на снимањето на филмот „Swing Shift“. Од тој момент парот бил неразделен. Нивната страст веќе била незапирлива. Веќе на првиот состанок имале блиска средба со полицијата.

„Гледавме филм, по што отидовме да танцуваме. Ми беше прекрасно со неа и одлучивме дека не сакаме ноќта да заврши, па се упативме во куќата која неодамна таа ја купи. После тоа започнавме да водиме љубов. Во следниот миг до нас се појави полиција. Мислеле дека станува збор за кражба, бидејќи во тек е реновирање. Сè беше многу бизарно“, изјавил актерот.


Пред да се вљубат еден во друг, Голди имала бурен живот. Во седумдесеттите се дружела со рокерите, а особено блиска била со Ролинг Стоунс, со кои често одела на забави.

Пред судбоносниот филм со Расел, била во два брака. Седум години била во брак со режисерот Гас Триконис, а се развеле во 1976 година. За музичарот Бил Хадсон се омажила во 1976 година. Со него добила две деца, Кејт и Оливер. Се разделиле во 1982 година.


Курт бил четири години во брак со пејачката и актерка Сезон Хабли. Со неа го има синот Бостон. Во 1986 година, Голди и Курт го добиле синот Вајт.

Иако се еден од најдолговечните парови во Холивуд, Голди и Курт никогаш не се венчале.


„Сите нè прашуваат кога ќе се венчаме, па сега секој пат даваме различен одговор и се забавуваме“, неодамна зборувал Курт.