[ФОТО/ВИДЕО] Oд долината на пеперутките застанува здивот – дали некогаш сте слушнале за оваа турска „убавица“?

Точка

24/11/2023

10:46

12.459

Големина на фонт

а а а

Овој дел од туското крајбрежје е достапен само со брод, а таму нема ниту струја ниту интернет.

Во суштина, нема ниту луѓе. Таму се оди на одмор, на пауза од напорниот свет, а друштво ќе ви прават најубавите пеперутки кои постојат.

Долината на пеперутките е природен кањон којшто се наоѓа во регионот Олудениз во Турција. Овој кањон е опкружен со високи карпи, покриен со шумата и нуди прекрасен поглед кон долината. До него може да се стигне само со брод, а името го добил по тоа што во текот на летните месеци во оваа подрачје живеат голем број различни видови пеперутки.

Ова подрачје е популарно меѓу љубителите на природата и авантуристите. Во самиот кањон тече река, а посетителите можат да шетаат покрај неа, да пливаат во природните базени и да уживаат во убавината на природата. Олудениз, во превод Сина лагуна, останал целосно непознат сѐ додека туристите не го откриле при кампување во 80-тите години.


Долината на пеперутките е едно од најатрактивните места во околината Фетхија. Во 1995 година била прогласена за резерват на природата и целосно затворен за урбанизација. Своето романтично име долината го добила по исклучителната убавина на тигрестите пеперутки од семејството Arctiidae, а нив најмногу ги има на почеток на месец јуни, каде престојуваат до крајот на октомври. Тука има до 100 видови пеперутки.


Туристите денес таму престојуваат најчесто со шатори или камп приколки, а освен кампувањето, можат да уживаат во бројните активности како што се пешачење, возење кану или нуркање. За задоволството да биде целосно задолжително треба да ги посетите и водопадите. Постојат бројни патеки кои водат од крајбрежјето до тие водопади, а природата околу нив е неверојатна.