Безобразните туристи им дошле преку глава: Овој американски град им забранил влез на инфлуенсерите

Точка

13/10/2023

15:00

13.060

Големина на фонт

а а а

Откако фотографиите од фармата „Sleepy Hollow“ го освоија интернетот, нештата излегле надвор од контрола, велат мештаните чиј мир го нарушуваат туристичките автобуси како и толпата инфлуенсери кои започнале да ги прескокнуваат натписите кои забрануваат влез и премин, да се пресоблекуваат во јавност за да се фотографираат како и да вршат нужда покрај патот.

Патот кој има блага кривина и открива поглед кон зелена полјана прошарана со овци, црвени и портокалови лисја, јаболкници и мали куќички најчесто го возат автомобили со странски регистарски таблици кои доаѓаат тука да се воодушевуваат и да го фотографираат овој крај.

Градот во кое се наоѓа ова прекрасно место е Помфрет во американската сојузна држава Вермонт. Иако овој град живее мирно во поголемиот дел од годината, секоја есен посетителите од сите краеви на земјата доаѓаат тука за да уживаат во прекрасните бои на пејзажот. Притоа, тие без пардон застануваат среде патот и го блокираат сообраќајот додека не ги направат „потребните“ фотографии за Инстаграм, Фејсбук или приватниот албум.

Откако фотографиите од фармата „Sleepy Hollow“ го освоија интернетот, нештата излегле надвор од контрола, велат мештаните чиј мир го нарушуваат туристичките автобуси како и толпата инфлуенсери кои започнале да ги прескокнуваат натписите кои забрануваат влез и премин, да се пресоблекуваат во јавност за да се фотографираат како и да вршат нужда покрај патот.

Локалните жители им се пожалиле на локалните власти кои минатата година привремено го затвориле патот во една насока, но тоа не ја спречило навалата на посетители.

Оваа година, локалните жители решиле да побараат пари на платформата за финансирање „GoFundMe“ и откако собрале повеќе од 15 илјади долари, властите одлучиле да го затворат патот до фармата за време на врвот на сезоната на есенските лисја, од 23-ти септември до 15-ти октомври за сите, освен за тамошните жители.

Повеќето жители на Помфрет нагласиле дека не се против туристите, туку едноставно сакаат луѓето да се однесуваат со почит кон нивниот роден град.