[ФОТО] Десетгодишен јубилеј на „Ревија“: Место каде што се спојуваат пријателства и моменти што се паметат

Точка

15/07/2025

10:00

709

Големина на фонт

а а а

Веќе цела деценија, ресторанот „Ревија“ е дел од градскиот ритам.

Отворен во 2015 година, ресторанот растеше со градот и со своите луѓе.



Како што вели сопственикот, Емануел Мане Рудинковски, „Ревија“ не е само место за излегување, туку и сцена каде што се спојуваат музика, уметност, разговори, пријателства и моменти што не се планираат, ама се паметат.


Рудинковски истакна дека целиот тим е особено горд на фактот што „Ревија“ стана омилено место на повеќе од 30.000 посетители месечно, за оние што знаат да уживаат, место каде што атмосферата секогаш е „таман“, каде што времето не брза, а градот дише поинаку.





Тој вели не е важно дали седиш на утринско кафе, вкусен ручек, или дружба со пријателите „Ревија“ веќе 10 години е таму каде што треба да биде: „Истото место. Истата енергија. 10 години подоцна“, заклучи Рудинковски и упати благодарност до сите посетители.