Овие девојчиња го променија светот

Точка

12/10/2023

12:31

3.178

Големина на фонт

а а а

Неколку девојчиња со големи соништа, несомнен талент и огромна упорност кои на свој начин го променија светот. Некои од нив им отворија врата и на многу други жени да постигнат еднакви и уште поголеми достигнувања.

Џулија Блум

Содржините наменети за тинејџери често создаваат несигурност кај младите, особено кога промовираат само одреден тип на „совршена“ девојка. Тоа го забележала и Џулија Блум, која на само 14 години одржала протест против списанијата како „Seventeen“ поради преголемото фотошопирање на девојките.


Успешно ја убедила уредничката на насловната страница дека треба да се објавуваат фотографии од вистински тинејџерки без употреба на фотошоп. И денес таа се занимава со феминистички прашања и промовирање на важноста на образованието на жените, а не само нивниот надворешен изглед.

Ана Франк

Името кое засекогаш ќе остане втиснато во историјата кога станува збор за холокаустот е секако Ана Франк. Девојчето кое само сакаше да живее слободно, напишало 360 страници од јуни 1942 до август 1944 година, а нејзиниот дневник стана сведоштво за растењето во страв и изолација.


Иако додека го пишувала својот дневник не ни помислувала дека еден ден ќе биде објавен и ќе стане симбол на борбата против историјата која никогаш не смее да се повтори, денес е токму тоа - најочигледниот пишан доказ за тоа до каде човечката злоба и желбата за власт може да оди.

Грета Тунберг

На почетокот на оваа година, поточно на 3 јануари, веројатно најпознатата тинејџерка во светот наполни 20 години и на тој начин излезе од тинејџерската фаза. Во исто време, не може да се негира - без разлика дали се согласувате со неа или не - дека таа како тинејџерка постигнала многу повеќе од некои во целиот свој живот.

Грета Тунберг започна штрајк во своето училиште во Стокхолм во 2018 година, како и серија редовни јавни протести наречени „Петоци за иднината“, кои наскоро се проширија низ Европа. Во 2019 година, американскиот магазин „Тајм“ ја прогласи за личност на годината.

Во меѓувреме, таа стана една од лидерите на движењето што ширум светот собира, според некои проценки, околу 50 милиони луѓе, главно млади луѓе. Некои од нејзините јавни настапи станаа легендарни, особено огнениот говор што го одржа во Обединетите Нации на самитот за климатските промени.

Ема Гонзалес

Откако го преживејаа ужасното пукање во ходниците на средното училиште „Марџори Стоунмен Даглас“ во Флорида, група средношколци решија да се борат против насилството со огнено оружје. Ема Гонзалес беше една од нив.

Таа е ко-основач на групата „Never Again MSD“, а нејзиното појавување во јавноста се случи на Маршот за животот, кога пред толпата ги прочита имињата на нејзините починати соученици и предизвика бура од емоции кај толпата. Таа до ден денес не престана да се занимава со оваа тема.

Малала Јусафзаи

Како 17-годишна, таа стана најмладата добитничка на Нобеловата награда за мир. Малала стана позната низ целиот свет по нејзиниот активистички ангажман откако беше застрелана во главата во училишен автобус во 2012 година, бидејќи се залагаше за правото на девојчињата за образование.

Имено, талибанците го запреле автобусот во кој Малала патувала на училиште и откако таа одговорила на нивното прашање: „Каде е Малала“, ја застрелале во главата и вратот. Малала се опорави по тешка борба во болница во Англија.

Денес, оваа 22-годишна девојка е на пат да магистрира во Соединетите Американски Држави и е основач на организацијата „The Malala Fund“, која се фокусира на образованието на девојките и жените.

Марли Дијаз

Кога читала книги забележала дека речиси ниту една од хероините од детските приказни не личи на неа, па така Афроамериканката Марли Дијаз решила да промени нешто. Таа тргнала во потрага по книги кои го покажуваат целото богатство на афроамериканската култура, особено од перспектива на девојчињата.

Марли стана активист зад движењето „1000BlackGirlBooks“. Ова имаше голем одек во јавноста, а беа собрани и каталогизирани повеќе од 11 илјади наслови со афроамерикански протагонисти. Самата Марли напиша книга со наслов „Marley Dias Gets It Done: And So Can You“.