Една девојка тврди дека ја изгубила работата затоа што тагувала поради смртта на Лиам Пејн, поранешниот член на „One Direction“ кој почина во октомври минатата година откако падна од балконот на хотелот во Буенос Аирес.
Во виралното видео објавено на Тикток, девојката по име Маз (@mazblan) ја сподели својата приказна за тоа како добила отказ ден по објавувањето на веста за смртта на пејачот. Имено, кога нејзината шефица забележала дека била тивка додека работела ја прашала што не е во ред, а таа ѝ одговорила: „Ох, само сум навистина тажна бидејќи Лиам Пејн почина“.
„А потоа таа ми рече дека сум за жалење, плукна на подот и ми порача да пораснам и дека не ми е дозволено да тагувам“, се пожали Маз на реакцијата на нејзината шефица.
Доби отказ
Шокирана од реакцијата на нејзината претпоставена, Маз решила да пушта песни од „One Direction“ во текот целата смена. Но, неколку денови подоцна забележала дека бил закажан состанок за 08:30 часот, иако вообичаено почнува со работа во 9 часот.
Отпрвин мислела дека можеби ќе добие добра вест, како унапредување, но кога пристигнала во салата за состаноци, се шокирала. „Пристигнав таму во осум и пол, весела и подготвена, но потоа ме отпуштија. Што е особено интересно. И сега морам да им објаснам на идните работодавци дека добив отказ затоа што на мојата шефица не ѝ се допаѓаше „One Direction“. И си мислам – еј, тоа е приказната на мојот живот“, раскажа Маз.
Во описот на видеото, таа истакна дека „одредени аспекти од приказната се драматизирани поради постигнување поголем ефект“, што сугерира дека работите можеби не биле толку експлозивни како што звучат.