[ФОТО] Самиот си ископал гроб, па секоја вечер спие во него

Точка

08/02/2025

20:01

3.739

Големина на фонт

а а а

Земјоделецот Ахмет Карабела (78) од провинцијата Амасија во Турција, самиот си ископал гроб за кога ќе почине да не им биде на товар на другите, а ноќе спие во него.

Веста ја пренесе турскиот портал Хеберлер.

Карабела, кој живее со својата сопруга во селото Салучу, внимателно го подготвил сопственото гробно место, покривајќи го со најлон, а кога ќе почине побарал да не биде сместен во мртовечница.

„Сам си го ископав гробот за никому да не бидам на товар. Ако даде Господ, нека ме погребаат овде“, рече Карабела, кој е татко на пет деца.

Во селото со 150 домаќинства, Карабела е познат по копањето гробови за погребите на неговите сожители.


„Не може секој човек да ископа ваков гроб. Господ ми даде сила. Ноќе доаѓам на мојот гроб и спијам таму. Затоа што тоа е моето место“, додаде Карабела.

Селскиот старешина Јусуф Ташова рече дека Карабела бил многу сакан во селото каде што придонел да се ископаат сите гробови и дека никогаш немал конфликт со никого, поради што му посака долг живот.