5 видови цвеќиња што носат благосостојба во семејството: Засадете ги овие растенија за среќа во вашиот двор

Точка

07/02/2025

19:15

996

Големина на фонт

а а а

Пролетта е време за будење на природата, а со неа и на љубителите на градинарството. Некои цвеќиња, според традицијата, носат среќа и хармонија во домот, па ако сакате позитивна енергија да владее во вашиот двор, овие растенија се вистински избор за вас.

Зимзелените грмушки играат значајна улога во создавањето стабилност во домот. Најдобро е да се засадат во мали групи околу куќата, бидејќи се верува дека ја штитат од негативни влијанија. Покрај нив, тревникот треба да биде добро одржуван и украсен со цвеќиња во жолта и црвена боја, бидејќи тие активираат позитивна енергија. Црвените цветови ја засилуваат енергијата на просторот и позитивно влијаат врз здравјето на домаќинството, додека жолтите ја поттикнуваат комуникацијата и размената на енергија со околината. Белите, пак, симболизираат чистота, а жолтите интелект и дружељубивост.


Меѓу најпопуларните цвеќиња кои се поврзуваат со среќата и љубовта се розите. Овој цвет отсекогаш бил симбол на љубов, страст и убавина, а според митологијата, розите израснале на земјата кога божицата Венера за првпат стапнала на копно. Денес, различните бои на розите носат различни пораки. Црвената роза ја симболизира љубовта и страста, додека жолтата изразува радост, но може да претставува и љубомора. Белите рози се знак на духовна љубов, чистота и невиност, додека портокаловите означуваат желба и восхит. Постојат и рози во нијанси на лаванда, кои се поврзуваат со љубов на прв поглед, како и розови рози, чии потемни тонови ја изразуваат благодарноста, а посветлите ја нагласуваат нежноста и грижата кон личноста што ги прима.


Покрај розите, бегонијата е уште едно растение кое носи хармонија и сила во домот. Јоргованот, особено во сината и розовата нијанса, има стимулирачки ефект врз уметниците и писателите, но според старото кинеско верување, не треба да се внесува во куќата. Различакот, пак, е познат по тоа што позитивно влијае врз љубовниот живот, семејните односи и бизнисот, а истовремено дава поддршка од другите луѓе.


Глуварчето е уште едно растение кое се поврзува со среќата и здравјето, бидејќи се верува дека ги штити членовите на домаќинството од проблеми. Не помалку значајни се и ирисот и кринoт. Ирисот го добил името од грчката божица Ирис, која ја симболизира врската помеѓу небото и земјата, боговите и луѓето. Во словенската митологија, пак, се верува дека ирисот расте на местата каде што молњата на Перун удрила во плодната земја. Кринот, особено белиот крин, бил посветен на божицата Хера, заштитничка на бракот и потомството. Се смета за цвет на возвишеност, чистота и бесмртност, а неговото присуство во дворот носи среќа и благослов.


Освен растенијата, во создавањето хармоничен двор важна улога имаат и некои други елементи. Смоквата е симбол на изобилство, виталност и мир, додека камењата и чакалот носат стабилност и сила на членовите на домаќинството. Водата, исто така, е клучен елемент за енергетска рамнотежа. Вештачките езерца треба да имаат природен облик, а нивните брегови да бидат нежно засадени со растенија. Водените лилјани и лотосите се особено важни, бидејќи тие се симбол на напредок и духовен раст.


Ако сакате вашиот двор да биде исполнет со позитивна енергија, хармонија и благосостојба, тогаш овие растенија се вистинскиот избор. Не само што ќе ја разубават околината, туку ќе внесат и посебна магија во вашиот дом, исполнувајќи го со љубов, здравје и радост.