Брутално сценарио: Што би се случило ако светот остане без интернет?

Точка

02/10/2023

23:43

23.745

Големина на фонт

а а а

Снемување на интернет би довело до верижни реакции, а последиците по човештвото би биле несогледливи.

Иако нам интернетот не ние достапен долго време, во последните повеќе од 20 години изгледа дека целото човештво стана зависно од мрежата на сите мрежи. Сега ни се чини невозможно дека претходно сме можеле да живееме без „Google“, социјални мрежи и сите вести и информации секогаш ни се достапни и толку ги користиме што многумина развиле и зависност од интернет и телефони. Но, додека ние без вести и социјални мрежи би издржале, се поставува прашањето што ќе биде со сите институции и инфраструктури кои значат живот, а кои исто така се зависни од интернет, како електрани, банки и др.

Затоа е интересно прашањето што би се случило кога еднаш ќе снема интернет, односно ако целиот свет од некоја причина изгуби поврзаност со мрежата. Не е тешко да се заклучи дека би настанала паника, луѓето не би знаеле што се случува, не би можеле да комуницираат, да работат и друго. Какви би биле последиците после еден ден, недела, месец година е прашање на кое одговор се обидела да даде научната страница на „BBC“, „Science Focus“.


На крајот од првиот ден откако целата наша планета е отсечена од мрежата, само „Google“ и „Facebook“ би изгубиле повеќе од 300 милиони фунти, а загубите на останатите компании, од кои многу би застанале со работа би се мереле во милијарди. Ситуацијата после една недела би била во целост хаотична, а на „Science Focus“ посебно нагласуваат дека би дошло до проблеми со снабдувањето со струја, што влече бројни нови проблеми. Имено, бидејќи модерната електрична мрежа се потпира на интернет за координација на електраните и трафостаниците, би дошло до хаос во енергетскиот состав и локални прекини во дистрибуцијата на струја за повеќе земји во светот. Тоа потоа би се одразило на, меѓу другото, гасоводите кои би се затвориле бидејќи и тие се потпираат на струја и интернет.

Со оглед на тоа дека се е поврзано, би дошло до верижни реакции. Без интернет и струја не можат да работат ни бензинските станици, бидејќи освен што не можат да точат гориво, не можат да ја следат ни состојбата на резервоарот. Без гориво нема ни достава на храна во супермаркетите и изгледа дека во целиот свет би застанал сообраќајот, индустријата и бизнисите. По еден месец светот би потонал во целосен хаос – вознемирени и гладни луѓе чии животи за кратко време радикално се промениле. На улиците владее немир и хаос, а војската брзо ги троши резервите и горивото.


По една година, повеќето земји од развиениот свет сепак би успеале да ги оспособат основните телефонски линии и општеството полека би се приспособило на големите промени, додека државите би се вратиле на земјоделска економија. Глобалната економија би се вратила во времето на 30-тите години од минатиот век. Последиците од загубата на интернетот се страшни и на „SF“ велат дека бројот на луѓе кои не би ги преживеале гладот, студот и немирите би можел да изнесува околу милијарда.

Секако, ова се само претпоставки бидејќи е тешко да се предвиди како би изгледал таков свет и можеме само да се надеваме дека никогаш нема да дознаеме.