Ева Лонгорија го привлече вниманието со својот нов имиџ на модната недела во Париз

Точка

02/10/2023

12:09

2.674

Големина на фонт

а а а

Ева Лонгорија се појави на модната недела во Париз каде ја поддржа Викторија Бекам, а воедно ја покажа и новата есенска фризура.

Актерката на Инстаграм покажа фотографии од модната недела во Париз, а воедно и својот нов имиџ. Откако претходно ја скрати долгата кафена коса, сега ги скрати и шишките.

Лонгорија за ова издание облекла мини фустан во светло зелена боја со кратки ракави и набори на половината, кој го искомбинирала со црни сандали и црна мини чанта од брендот на Викторија Бекам.

Лонгорија потоа споделила и фотографии од модната ревија на Викторија, која се одржа во куќа од 18 век во Сен Жермен, каде што некогаш престојуваше покојниот дизајнер Карл Лагерфелд.

За време на претставувањето на новата колекција, Викторија ја поддржаа членовите на нејзиното семејство - сопругот Дејвид, ќерката Харпер и синовите Круз и Бруклин.